Програма на патувањето – авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг рачен и оброк согласно политика на авио компанија. Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH AIRLINES.
05-06.10/23 – Полетување од Скопје во 20:15. Слетување во Истанбул во 22:45 часот. Полетување за Абу Даби 06.10 во 00:45 часот и слетување во Абу Даби 06.10 во 06:10. Трансфер до хотел во Дубаи. Пријавување – влез после 14:00ч.
Време за одмор и слободни активности. Во вечерните часови можност за организирање на факулатативна екскурзија крстарење по Марината со вклучена вечера.
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise/ после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице
Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).
07.10/23- ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – 7-12 Pax – 60 ЕУР по лице/ на српски јазик (ако се пријавени под 7 лица тура е индивидуална и е поскапа)
Претпладнето започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Застанување за фотографирање кај Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме. Враќање во хотелот.
За лицата кои не сакат да се вратат во хотелот, можат индивидуално да останат во молот каде можат вечерта да ги гледаат распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Burj Khalifa (САМО влезници 45 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 65 евра), за 124 кат. Индивидуално враќање во хотелот.
08.10/23 – ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА – после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 50 ЕУР по лице
Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4×4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.
09.10.23 – ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ (7 часа) – 7-12 Pax – 90 ЕУР по лице/ на српски јазик/ БЕЗ ВКЛУЧЕН РУЧЕК (ако се пријавени под 7 лица тура е индивидуална и е поскапа). Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Мозе да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката. НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони покриен глужд (да не е тесно), долги ракави,а за жените е обавезна марама
10.10/23 – одјавување од хотелот во 11-12 часот слободно време за индивидуални активности. Трансфер до аеродорм
11.10/23 – Полетување за Истанбул во 01:35 часот. Слетување во Истанбул во 05:25 часот и полетување за Скопје во 07:25 часот. Слетување во Скопје во 07:50 часот