Загреб

2 ноќи со автобус од 06.12.2024

189€

ЗАГРЕБ со посета на ЉУБЉАНА

 

1 Ден    06.12  Петок           СКОПЈЕ–ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел “Holiday Inn” во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.

2 Ден    07.12  Сабота                         ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и празничната магија.

Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање.

3 Ден    08.12   Недела                 ЗАГРЕБ-ЉУБЉАНА–ЗАГРЕБ
Појадок. Поаѓање за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц  Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица  која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Вечерта,  повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење. Ноќевање.

4 Ден    09.12    Понеделник                      ЗАГРЕБ–СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Попладне, поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.

За уплата до 26 Октомври:  189 евра   (11.720 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  219 евра   (13.580 денари)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
-Сместување во хотел Aristos 3* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
-Организиран разглед на Загреб со локален водич

-Посета на Christmas market

-Посета на шопинг центар “Arena Centar”
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

-Посета на Љубљана 45 евра
-Патничко – здравствено осигурување

-Туристичка такса 400 ден. по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)
-Доплата за еднокреветна соба 5500 денари

-Доплата за избор на седиште во автобус 10 евра
-Дете до 3години гратис (без легло)
-Дете од 3-7 години (без легло, спие со родители) 6140 ден за две ноќевања
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно минимум 30 патници).
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
За овој аранжман важат Општите услови за патување

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација