Венеција со островите

3 ноќи со автобус од 08.10.2024

169€

Програма на патување:
1.Ден 08.10.2024 (вторник) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА 
Состанок на групата во 14.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Италија во 15.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
2.Ден 09.10.2024 (среда) ВЕНЕЦИЈА  
Пристигнување во претпладневни часови во Пунта Сабиони и заминување на разлед и посета на Венеција. Организран трансфер со брод – вапорето и прошетка низ уличките во градот на мостови и канали; Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. По разгледот заминување за Лидо ди Јесоло и сместување во хотел. Ноќевање.
3.Ден 10.10.2024 (четврток)  МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО 
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативно крстарење по островите на Венецијанска лагуна, Мурано, Бурано и Торчело. Започнуваме со посетата на островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кратко слободно време, потоа продолжуваме кон Бурано, островот со најубавите шарени куќички и најдобрите рачни изработки од чипка. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело, островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во овој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Враќање во Лидо ди Јесоло. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки.  Ноќевање.
4.Ден 11.10.2024 (петок) ФИРЕНЦА
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и лулката на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во попладневните часови враќање назад во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.
 
5.Ден 12.10.2024 (сабота) ВЕРОНА
Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Посета и разглед на градот на Ромео и Јулија; Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија… Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност за шопинг во некои од најдобрите италијански брендови поставени на улицата Виа Мацини. Во попладневните часови заминување за Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
6.Ден 13.10.2024 (недела) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.
ПРОМО цена за резервации до 15.09.2023 – 169€/10.478ден
***со пријава на пакет екскурзии
Редовна цена – 199€/12.338ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
– Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло (или околина) на база 3 ноќевања со појадок;
– Организирана посети на градовите според  програмата;
– Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко и здравствено осигурување
– Организирана посета на Венеција со брод вапорето – 30€
– Задолжителна такса за влез во Венеција 5€ по лице
– Факултативна екскурзија со брод по островите Мурано, Бурано и Торчело – 40€
– Факултативна посета на Фиренца со локален водич – 50€
– Доплата за туристичка такса (3€ по лице од ноќ)
– Влезници по културно – историските  знаменитости и индивидуални трошоци
ПРОМО пакет факултативи Венеција, островите и Фиренца 110€ наместо 120€!!!
Напомени: 
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
– За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање.
– За еднокреветна соба доплатата изнесува 60€ на цената на аранжманот.
– Трето возрасно лице на дополнителен кревет плаќа полна сума на аранжманот
– Доплата за бирање на седиште во автобус 10€ по лице (за минимум 2 лица)
– Доплата за дополнително седиште во автобус 75€/4.650ден
– Дете 2-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет добива -20% попуст од цената на аранжманот
– Минималниот број за реализација на факултативите е 30 патници.
– Организираторот го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на пријавени.
– Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба.
– Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.
– За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Хавана Травел.
–       Организаторот има право за отказ на патувањето до 7 дена пред патувањето во случај на недоволен број на пријавени.
Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација