Grand Ring 5*-Kemer

GRAND RING HOTEL  5*  – KEMER

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби, 40 км од аеродромот во Анталија, 25 км од центарот на градот и 10 км од Кемер.

Сместување

Вкупен број на соби 326. Стандардни соби (28м²; 2 + 1 лице, Ако има 2 + 2 лица имаат кревети на спрат), Големи соби (38м², една спална соба, едно купатило, макс. 2 + 2 лица). Сите соби се со сопствено купатило со туш, фен за коса, сплит клима-систем, под со тепих, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали.

Услуга

All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, чај, кафе, вечера, доцна ужина. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 24.00 часот се бесплатни, сладолед за време на одредени часови, бар на плажа отворен од 10.00 – 18.00 часот. Не е вклучено: Сите увезени пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, свежи овошни сокови, сите пијалоци после 24.00 часот, пијалоци во диско клуб, услуга во соба.

Содржина

Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, барови покрај базенот. Доктор, чување деца, перење, rent a car, фен за коса, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се со доплата. Интернет Wi-FI во лоби е бесплатно.

Плажа

приватна плажа на хотелот, камчиња, лежалки, чадори за сонце се бесплатни, пешкири за плажа се со депозит.

Спорт и Забава

Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг-понг се бесплатни. Спортови на вода, масажа, куглање, билијард се со доплата. Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, Мини клуб за деца од 04 до 12 години со игралиште.

Havana Logo with separators