ПОНИКВА

На 20 км. северно од Кочани на Осоговските Планини се наоѓа туристичкиот центар Пониква. На надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација е оформен зимски туристички центар. Зацртан како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија, Пониква завзема особено важно место во развојот на туризмот и општиот развој на Осоговијата. Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на туристите.

Се стигнува по асфалтен пат, кој во зима се чисти редовно, па не треба да се грижите дека ќе останете некаде ако тргнете со свој автомобил.

Осоговските Планини се еден од пределите на нашите простори што може да се пофалат со епитетот вистински еколошки и чист крај. Чистиот воздух, и во лето и во зима дејствува како еликсир за белите дробови.
Одлично место за Опуштање
Предностите на Осоговијата ги сознале уште припадниците на армијата на кралството на Србите, Хрватите и Словенците, кои таму изградиле санаториуми за рехабилитација на српските војници ранети во Балканските војни и во Првата светска војна.

Зимските денови во Осоговијата секоја година се сврзани со дебели слоеви снег. Снегот се задржува по речиси шест месеци во годината, честопати повеќе месеци се задржува снежна покривка од барем триесетина сантиметри.

Таа околност ги радува децата, но и возрасните чија пасија е скијањето. Падините се благи, а се случува на стотици метри при “спустот” со санка да не се наиде на поголем камен или дрво. На падините наместа има борова или мешана борово-букова шума.

Ако решите да бидете викенд-посетител на овој запоставен зимски рај, снегот ќе ви биде главната мамка. На Пониква, во близината на детското одморалиште, на располагање се два ски-терени – едниот покус, пред се, за деца и почетници, долг околу 300 метри, на кој има беби ски-лифт. Оние што се чувствуваат малку посигурни на скии може да ја користат подолгата патека, долга околу 700 метри, на која исто така има ски-лифт. Ако шетате и уживате во убавините на планината Пониква, не треба да се грижите дека нема да бидете достапни на мобилниот телефон. На Пониква има антена на “Мобимак” и сигналот на мобилниот е силен како во град.

Како посебна туристичка атракција, за љубителите на ловот, во непосредна близина на спортско-рекреативниот центар Пониква, се наоѓа и резерват за дивеч.

Комерцијаното ловиште-резерват им нуди на посетителите можност за лов на елени, срни, елени-лопатари, муфлони, диви свињи…

Апартмани Костески

костески
Havana Logo with separators