ХОТЕЛ РОМАНТИК 4*- СТАР ДОЈРАН

 

Хотел Романтик ПЛАЗА Стар Дојран

Тип на соба Ноќевање со појадок Полупансион Полнпансион
(BB) (HB) (FB)
Еднокреветна соба 2.150 ден. 2.540 ден. 2.930 ден.
Двокреветна соба 1.530 ден. 1.920 ден. 2.310 ден.
Апартман 4.050 ден. 4.830 ден. 5.610 ден.
Делукс Суит 4.350 ден. 5.130 ден. 5.910 ден.

 

 

Ова лето вашиот семеен одмор нека започне во забавна атмосфера покрај базенот на Хотел Романтик Дојран. Хотел Романтик нуди удобно сместување со 4 Супериор ѕвезди. Аурата која владее во сите 37 луксузно опремени соби и апартмани и го задоволува сечиј вкус придонесува да се восхитувате на секоја сцена врежана во Вашите сеќавања.

 

  • Горенаведените цени се дадени во денари по лице;
  • Во цените не е вклучена туристичка такса од 40 денари по лице на ден;
  •  Деца до 6 години БЕСПЛАТНО;
  • За деца 6-12 години се доплатува 180,00 ден;
  • 3-то лице возрасен во двокреветна соба со помошно легло доплаќа 70% од цената по лице за двокреветна соба;
  • 3-то лице возрасен во апартман 180,00 ден;
  • Дополнителен мени оброк чини 390,00 ден по лице;
  • Користење на надворешен базен бесплатно;
  • Секоја соба е опремена со централна климатизација за греење и ладење , купатило со бања , ТВ , Интернет WiFi, телефон;
  • Конференциска Сала: Капацитет 120 гости ( LCD проектор, платно, флип чард табла, интернет) Цена:910 денари/час )

Check-In: 14:00 Check- Out: 12:00

Хотел Романтик, синонимот за беспрекорна услуга во хотелско сместување и угостителство ја продолжува својата приказна во Стар Дојран, туристичкиот бисер во Јужна Македонија.

Гордо поставен со поглед на Дојранското Езеро, Хотел Романтик е подготвен да ја чува тајната на непредвидливото езеро за која се врзуваат многу легенди. Една од нив зборува за настанувањето на Дојранското Езеро како резултат на непромислената еуфорија на девојката по име Дојрана која што од возбуда и брзање заборавила да го затвори изворот кога слушнала дека нејзиниот љубен се вратил од војна. Хотел Романтик со својата приказна достојно се надоврзува на историјата испишана со бледо мастило за која недостигаат раскажувачи.

 

Хотелот располага со:

  • 37 луксузно опремени соби
  • Ресторан со капацитет од 320 седишта
  • Аперитив бар во амбиент со камин
  • Сала за состаноци со капацитет од 20 гости
  • Летна тераса со капацитет од 250 седишта
  • Базен за релаксирање и забава со 180 седишта

 

Еднокреветна соба
Сместувачки капацитет за пријатен престој за еден гостин. Еднокреветните соби се опремени со стандард кревет, ТВ, директен телефон, централна климатизација, мини бар, тоалетна маса, ноќна ламба, тоалет, бесплатен интернет и 24/7 собна услуга.

 

Двокреветни соби
Собата нуди престој за целото семејство со тоа што е опремена со дополнителен кревет за мало дете и овозможува да се чувствувате уште поудобно. Двокреветните соби се опремени со стандард кревет, ТВ, директен телефон, централна климатизација, мини бар, тоалетна маса, ноќна ламба, тоалет, бесплатен интернет и 24/7 собна услуга.

 

Делукс студио
Апартманите во хотелот се просторни и луксузно опремени. Погледот кон Дојранското Езеро претставува пријатно доживување во релаксиран амбиент. Секое студио е опремено со ТВ, директен телефон, централна климатизација, мини бар, тоалетна маса, ноќна ламба, тоалет, бесплатен интернет и 24/7 собна услуга.

 

Легенда:
DBL/TWIN – двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL – еднокреветна соба, APP – апартман, Family – фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV – поглед на парк, SV – поглед на море,  tv – телевизор, fr – ладилник (фриждер), ac – клима уред, BB – ноќевање со појадок, HB – полупансион (појадок и вечера), AI – (all inclusive) се вклучено.

Category
Дојран
mk_MKMacedonian