Sensitive Premium Resort 5*-Belek

SENSITIVE PREMIUM RESORT 5*- BELEK

Положба
Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 40км од аеродромот во Анталија и 50км од центарот на градот.

Сместување
Вкупен број на соби 402, распоредени во 5 блока.
Стандрадни соби (36м², макс.2+2 лица)-една спална и едно купатило,
Фамилијарни соби (48м², макс.4 лица)-две спални одвоени со врата, едно купатило,
Соби за хендикепирани лица: 4

Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и сокови), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинат на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон,WI-Fiинтернет конекција.

Услуга
Ултра Се вклучено-24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина и кафе во попладневните часови, вечера и полноќна ужина, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, A’la Carte ресторани со резервација и само еднаш за време на престојот. Дополнително се наплаќаат-премиум увозни пијалоци, услуга во соба, свежо цеден сок, сите флаширани пијалоци и пијалоци во конзерва, специјални вина.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани-Brezza (Италијанска кујна), Akasya (Турска кујна), Vira-Рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс, снек бар и бар на плажа. Доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, rent a car, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Бесплатен WI-FI интернет во лоби барот и во собите.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, на 400м од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа, не се наплаќаат. Бесплатен превоз до плажа на секои 20 минути.

Спорт и забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, (затворениот базен работи само во зима), лизгалици на вода, фитнес, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Спа центар и центар за убавина, масажа, спортови на вода, билијард и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-12 год.

www.sensitivepremium.com

Havana Logo with separators