Занзибар 08.01 / 9 ноќи

ЗАНЗИБАР  ОД СКОПЈЕ 

АВИОНСКА  ПРОГРАМА СО 9 НОЌИ / 11 ДЕНА 

(08.01 – 18.01.2021)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   1350 €  1150

 

Оваа зима одиме на Занзибар, чие име звучи како како топол ветер на мека песочна плажа! Егзотика во нејзината најчиста форма! Уживање и опуштање во магичната атмосфера на овој остров, звуците на брановите, топлата океанска вода и снежно белиот песок во комбинација со мелодијата на природата, испрекината со тапите звуци на кокосите што паѓаат на земја.

Го посетуваме главниот град Stone Town каде сé е толку живописно. Шарени тесни улички помеѓу камените куќи кои како лавиринт, нé водат од куќата на славниот Фреди Меркјури до локалниот пазар што гарантирано ќе биде една од најуникатните работи кои ги имате видено во животот. Хаотична атмосфера, ценкање, бука, деца, месо, зачини, свежо овошје, мирис на риба, жени кои се шетаат со садови врз глава и се останато што ќе ви падне на памет, на едно место. Жива и динамична атмосфера! 

Се запознаваме и со природните убавини на овој неверојатен остров и ја истражуваме џунглата каде имаме впечаток како да сме во некој документарец за планетата земја додека јадеме кокоси, а љубезните локалци нé запознаваат со зачините и егзотичните овошја и зеленчуци кои растат на овие простори, како и примената на овие билки во нивниот секојдневен живот. Се будиме со звуците на брановите во магичната Kendwa каде ќе се претопиме во локалниот Hakuna Matata стил на живот…

Уживаме и во белиот песок и тиркизната вода на Индискиот океан, нуркаме и медитираме во комбинација со африканскиот ритам.

Африканска приказна полна со адреналин, хедонизам и авантура! Одиме?

Ден 1 : Состанок на групата и поаѓање

Состанок на групата на меѓународниот аеродом во Скопје три часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул во 09:05h (TK-1004). Пристигнување во Истанбул во 12:40h по локално време. Конекција на лет за Дар ес Салам (DAR) во 20:20h (TK-567).

Ден 2 : Пристигнување на Занзибар (Zanzibar)

Пристигнување во Дар ес Салам (Dar es Salaam) во утринските часови и трансфер до пристаништето. Поаѓање со траект за Занзибар (Zanzibar) околу 07:00 часот. Пристигнување на бајковитиот остров околу 08:30 часот и трансфер до сместувањето во Стоун Таун (Stone Town). Уживање во овој неверојатен град сé до попладневниот check-in во собите. Можност и за early check-in, во зависност од расположливост на соби. Занзибар (Zanzibar) е остров на зачини, мистерии, рајски плажи, одлична афро музика и насмеани и “хакуна-матата“ локалци. Иако денес е дел од Танзанија (Tanzania), отсекогаш бил сам свој свет. Низ историјата, Занзибар (Zanzibar) бил под владение на Персијанците, Португалците и Арапите – култури кои оставиле огромно влијание врз самиот остров. Добредојдовте во рајот со мирис на цимет и ванила, со мирис на ѓумбир и мирис на среќа!

Ден 3 : Факултативен излет Stone Town – Prison Island (Остров на желките)

Претпладне одиме на разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Се чувствуваме како да сме дел од National Geographic документарец, а не на одмор… Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО од 2000-тата година. По Stone Town, одиме до Prison Island, остров кој се наоѓа северно од градот, а името го добил по местото каде што некогаш се држеле заробеници и робови. Денес ова е мирно место каде ќе уживаме во пливање и дружење со џиновски желки кои се пренесени на ова место во 19-тиот век од Сејшелите. Некои желки се стари преку 100 години, а ние ќе имаме прилика да ги храниме и галиме. Враќање во сместувањето.

Ден 4 : Факултативен излет Фарма со зачини-Јозани Шума -Село Паџе

Ден посветен за запознавање со природните убавини на овој неверојатен остров. Започнуваме со факултативен излет до “фармата” на зачини каде ќе уживаме во мирисите и вкусовите по кои е познат овој остров – ванила, шафран, каранфил, цимет итн. Станува збор за огромни државни плантажи за зачини, каде и живеат луѓето кои ја обработуваат земјата, опколени со џунгла и индискиот океан… Следната станица ни е Јозани шумата која претставува национален парк и каде ќе имаме прилика да видиме црвени Колобус мајмуни, кои можат да се најдат исклучиво на Занзибар (Zanzibar). Ден исполнет со уживање во зеленилото на тропските и мангровите шуми. По разгледувањето на Јозани шумата, го посетуваме селото Паџе (Paje) – традиционално Африканско место, куќи од камен, училишта, фризерници, пекари и вулканизери какви не сте виделе никогаш во животот. Паџе е и едно од најпознатите места во светот за кајтсурф (kite surf). Дружење, пиење коктели, неверојатна храна, сончање и уживање. Враќање во сместувањето.

Ден 5 : Факултативен излет Blue Safari

Ден за факултативниот излет Blue Safari – целодневен излет на најубавите плажи на островот каде ќе имаме прилика да пливаме и нуркаме. Ќе се возиме со традиционалните занзибарски едрилици кои се навистина посебни и карактеристични за овој дел од светот. Поминуваме преку песочни спрудови кои се губат под налетот на најубавото тиркизно море – играта на плимата и осеката. Уживаме во вкусовите на Занзибар (Zanzibar) – јастози, морски плодови, кокос, манго и друго вкусно и сочно тропско овошје. Враќање во сместувањето.

Ден 6 : Факултативен излет – сафари во НП Mikumi

По појадокот го напуштаме сместувањето и трансфер до Нунгви/Кендва (Nungwi/Kendwa). Едно од најпопуларните туристички места на Занзибар бидејќи се наоѓа на најубавиот брег на овој остров. Слободен ден за уживање на плажа. За оние кои се расположени за авантура, има можност за тридневен факултативен излет – сафари во националниот парк Mikumi кој се наоѓа на копнениот дел од Танзанија (Tanzania). Mikumi е четврт по големина национален парк во Танзанија (Tanzania). Одалечен е 300 километри од Дар ес Салам (Dar es Salam). Овој национален парк е природно живеалиште на многу жирафи, зебри, слонови, гнуа, леопарди, нилски коњи, хиени, крокодили и лавови.

Ден 7 : Слободен ден

Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите.

Ден 8 : Факултативен излет Ресторан The Rock

Релаксирачки ден, планиран за комплетно уживање во океанот, коктелите и вкусната занзибарска храна. Денот го започнуваме со факултативен излет во светски познатиот ресторан на Занзибар – The Rock. Стара рибарска карпа, која од 2010 година претставува неизбежно место на кое доаѓаат сите посетители на Занзибар (Zanzibar). Најубавата chill зона на западниот дел на Michamwi. После ручекот и задолжителното фотографирање на карпата, продолжуваме кон еден од многуте занзибарски beach bar-ови. Целото попладне го користиме за уживање, пливање и пиење на добро познатите занзибарски коктели на самата плажа. Со звуците на африканската музика, го дочекуваме зајдисонцето кое е посебно убаво на занзибарскиот брег. Се враќаме во сместувањето во вечерните часови.

Ден 10 : Напуштање на сместувањето и поаѓање за Дар ес Салам (Dar es Salaam)

Напуштање на сместувањето. Слободно време за уживање на овој магичен остров. Трансфер до пристаниште. Траект за Дар ес Салам. Пристигнување во Дар ес Салаам и трансфер до хотел. Слободно време да испиеме уште некој коктел и да се припремиме за патување. Вечера. Се збогуваме од фасцинантната Африка. После полноќ, трансфер до аеродром.

Ден 11 : Враќање

Лет од Дар ес Салам до Истанбул во 04:00h (TK 604). Пристигнување во Истанбул во 11:30h по локално време. Преседнување на лет. Лет до Скопје во 20:10h (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:50h. Крај на патувањето.

Во цената е вклучено :

Сместување : Tausi Palace или Africa House – 4 ноќи / Amaan beach bungalows или Sunset Kendwa -4 ноќи/ Хотел 3* во Дар Ес Салам -1 ноќ

Превоз

  • Авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Дар ес Салаам (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до пристаниште
  • Трансфер од Дар ес Салам до Стоун Таун
  • Трансфер од пристаниште до сместувањето
  • Трансфер од Stone Town до Kendwa/Nungwi
  • Трансфер од Кендва до пристаниште
  • Трансфер од Занзибар до Дар ес Салам
  • Локален трансфер од пристаниште до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Дар ес Салам – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со 30кг. чекиран и 4кг. рачен багаж

Храна:  8 × Континентален појадок, 1 × Вечера

Во цената не е вклучено :

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Танзанија (на граница)

Факултативни излети:

Stone Town – Prison Island (Остров на желките)  Цена: од 40,00 USD до 45,00 USD

Фарма со зачини-Јозани Шума -Село Паџе  Цена45,00 USD

Blue сафари Цена60,00 USD

Ресторан The Rock Цена25,00 USD

 

Havana Logo with separators