Logo
02 3 200 006 – 070 333 623

Вила Blue and White – Неа Флогита

1/4 дуплекс

150 м од плажа

НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики,бистрината на водата,авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многу бројните ресторани, продавници и детски забавни паркови.Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбани градови во областа Халкидики.

Куќа “Blue and White”е сигурно една од најквалитетните и најдобро уредените и опремените куќи во Неа Флогита.Оценка на букинг има од 9.3 и е лоцирана во помирниот дел на НеаФлогита, на само 150 метри од плажа и 100 метри од центарот. Располагаме со 4 високо квалитетни четири креветни дуплекс апартмани на прв кат. Секој апартман располага со комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени модерни тоалети, Wi-Fi и клима уред вклучени во цената, пешкири, големи тераси и одличен мебел. Паркингот е обезбеден пред куќата. Во близина на куќата има пазар на 50 метри, пекара на 200 метри додека најблискиот голем супер маркет е оддалечен на 150 метри.

1/4 дуплекс апартман бр. А1 – прв кат. Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби,модерен тоалет, сопствена тераса со поглед на улица, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде креветче за бебе.

1/4+1 дуплекс апартман бр. А2– прв кат. Располага со 2 спални соби со посебни оделени влезови во истите, а внатре поврзани со комплетно опремена заедничка кујна и модерен тоалет, сопствена огромна тераса со поглед на море, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски креветз а 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде дополнително легло како и креветче за бебе.

1/4 дуплекс апартман бр.B1– први кат. Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, модерен тоалет, сопственa тераса со поглед кон прекрасно уредениот двор, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во другата соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде креветче за бебе.

1/4+1 дуплекс апартман бр.B2– прв кат. Располага со 2 спални соби со посебни оделени влезови во истите, а внатре поврзани со комплетно опремена заедничка кујна и модерен тоалет, сопствена огромна тераса со поглед кон прекрасно уредениот двор, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла. Има можност да се додаде дополнително легло како и креветче за бебе.

попуст – 15% за 50% уплата заклучно со 23.03.2024 (сабота) и           

целосна доплата заклучно со 20.04.2024 (сабота)

 

Blue & White 24 pricelist

 

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ :

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА ДУПЛЕКС АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни3.100 мкд. (50евра), еденп равец 2.480мкд. (40евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ
  • Во вонсезонските цени во дуплекс апартман плаќаат минимум 4лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
  • Во дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, напромотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по патна ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио / апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже  аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација