Logo
02 3 200 006 – 070 333 623

Вила Савас – Дасиа, Крф

1/2 , 1/3 студио, 1/4 мазонета

80 м од плажа

Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. 2014-та година ни започна авантурата на Крф што значи дека 2024-та е годината која сме 10 години организатори на летување на остров Крф во Ипсос и Дасиа, декадна бројка што не е за потценување. . Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Оваа година за вас имаме вила со базен во Дасиа на 80 метри до плажа со приватен базен и приватен паркинг. Резервирајте по Black Friday цена, попусти од 20-25% од лице.

Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасија е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор . Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach.

 

Savvas Apartments се наоѓаат во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. Објектот има двокреветни и трокреветни студиа и четворокреветни  мазонети. Сите се опремени со сопствена  кујна, тоалет со туш, терас, Wi-Fi. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и прекрасниот добро понат Summer Beach Malibu. За сите оние кои би патувале со сопствено возило вилата има бесплатен приватен паркинг.Климата се доплаќа  6 евра од ден кај газдите на вилата.

 

ЦЕНИТЕ СО ПОПУСТ СЕ ДАДЕНИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 01.04.2024

Vila Savvas pricelits 24

Во цената е вклучено:
• Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
• 7 ноќевања / 8 дена
• Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престојот

Во цената не е вклучено:
• Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
• Туристичка такса 1.5 евра на ден- која се плаќа задолжително во агенција
• Факултативни излети
• Патничко осигурување
• Клима уред

НАПОМЕНА:
• CHECK IN: 14:00 h
• CHECK OUT: 09:00 h
• Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
• За споен термин се одбива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
• Двокреветни,трокреветни студија (во двокреветните може да се додаде дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
• Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
• Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
• Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
• Возрасен на дополнително легло има 70% попуст
• За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
• Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,

 

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација