Logo
02 3 200 006 – 070 333 623

Будимпешта за 8ми Март

2 ноќи со појадок

139€

Еден од најпознатите градови по течението на најголемата европска река, со векови е “непризнат” центар на светските политички влијанија. Оваа престолнина, во далечното минато формирана од двата града: Будим и Пешта, секогаш го привлекувала вниманието на сите кои го минувале патот од западниот кон источниот дел на стариот континент. Оваа европската крстосница, токму поради нејзината вековна улога, се формирала во таков сплет од остатоци на разни култури, при што успеала да се издвои и наметне со својот единствен стил.

 

 

ПРОМО ЦЕНА 139 ЕВРА ПО ЛИЦЕ / 8.620мкд  до  10.02

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 169 ЕВРА ПО ЛИЦЕ /10.480мкд

Програма на патување: 07.03-10.03.2024

07.03.2024 (Четврток)-Скопје-Будимпешта

Состанок на групата во  17.00час. Поаѓање за Будимпешта во 17.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија.  Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

 

08.03.2024 (Петок)-Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракоци, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејаш“, Рибарската тврдина…

Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод под прекрасните мостови на реката Дунав.

Ноќевање.

 

09.03.2024 (Сабота)-Будимпешта- -Сент Андреа

Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое  се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални активности.

Вечерта, факултативно вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна.

Ноќевање.

 

10.12.2023 (Недела) -Будимпешта-Скопје

Појадок. Индивидуално слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци или посета на зоолошка градина.

Тргнување за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење.

Пристигнување во Скопје во утринските часови, на 11.03-Понеделник.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 4* Danubius hotel Hungaria city centar во Будимпешта
  • Организација и водство на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Будимпешта со водич (15 еур)
  • Факултативно крстарење по Дунав со чаша шампањ ( 20 еур)
  • Факултативна посета на Сент Андреа (20 еур)
  • Факултативна вечера во национален ресторан (40 еур)
  • Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба-3.500мкд
  • Туристичка такса 4 евра по лице (се плаќа во автобус)

 

ФАКУЛТАТИВИ

ПАКЕТ 1  (Разглед Будимпешта, Крстарење по Дунав и Посета на Сент Андреа)50 евра

ПАКЕТ 2- СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ 85 евра

 

 

 

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест

 

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација