Париз – Версај – Дизниленд
Авион / 5 дена / 4 ноќевања
Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ќе го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
1 ден – 03 Мај 2024 (петок)
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.50 часот.Полетување за Париз преку Загреб во 05:45 ч од Скопје.Слетување во Париз во 11:05 ч. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед: Елисејските Полиња,Триумфалната Капија,Конкорд,Црквата Мадлена,Операта Гарние,Лувр,Нотр Дам,Ајфелова Кула…Сместување во хотелIBIS LA DEFENCE 3 *.Слободно време за ручек и неколкучасовен одмор. Во 19 часот организирана прошетка по Елисејските Полиња и крстарење со брод по Сена(факултативно).Слободно време за вечера(факултативно).Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
2 ден – 04 Мај 2024 (сабота)
Појадок. Во 08.00 часот организирана прошетка до Лувр (со метро). Разглед на парковите Тујлери, малата Триумфална Капија и Пирамидата пред Лувр. Слободно време за влез во Лувр, влезници претходно резервирани (on –line). Посетата е предвидена не подолго од час и половина во музејот. Слободно време за ручек.Прошетката продолжува кон Операта Гарние, се гледа од надвор, Галеријата Лафајет, која нуди бесплатна преубава панорамска глетка од шестиот кат. Организирана посета на Музејот Фрагонар, разглед со водич со можност да се купат оригинални парфеми по пониски цени.Во вечерните часови(факултативна)посета на Мон Мартр(со метро). Слободно време и прошетка во квартот на уметниците и посета на катедралата Светото Срце. Заеднички прошетки по најстарите делови од квартот користејќи ги 200- те скалила за слегување надолу од каде што се прават најубавите фотографии. Слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж.Слободно време за факултативна вечера во некој ресторан на Пигал. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
3 ден – 05 Мај 2024 (недела )
Појадок. Организирана(факултативна) посета на Версај. Поаѓање од хотел во07.45 ч .Се посетува дворецот со локален водич.Можност за прошетка по Версајските паркови.Слободно време за ручек во градот Версај.Враќање во Париз.Попладне организирана прошетка низ Латинскиот кварт. Посета на Богородичната црква (однадвор), прошетки во квартот: Сорбона, булеварот Сен Мишел, Луксембуршките градини, црквата Saint Chapelle (од надвор).Во вечерните часови организирана прошетка до Ајфелова кула (со метро),индивидуална посета на Кулата. Заедничка вечера(факултативна) во ресторан на Трокадеро. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден – 06 Мај 2024 (понеделник)
Појадок. Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк за возрасни и деца –Дизниленд (влезниците претходно купени on-line).Се патува со брзиот воз RER (инструкции од пратител на група). За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Сена,Општината, Бастиља, центарот Помпиду, областа Le Marais и плоштадот La Place des Vosges.Прошетка доLa Defence, кој се наоѓа непосредно до хотелот. За љубителите на Кабареа можност за организирана вечерна посета на Мулен Руж или Крејзи Хорс (факултативно). Ноќевање.
5 ден – 07 мај 2024 (вторник)
Појадок.Собите се напуштат после 11 часотили за оние кои сакаат да шетаат багажот се остава на рецепција.Во 08.30 часот организираназаедничка посета на плоштадите Конкорд и Вандом каде што се наоѓа и хотелот Риц. Слободно време за ручек во рестораните околу Операта Гарние. Враќање во хотел со метро. Организиран превоз со автобус од хотелот до аеродром Charlles de Gaulles во 14:30 часот. Полетување за Загреб во 18:30 часот, слетување во Скопје во 23.40ч.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 735 евра (45.570 мкд)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авио билет на релација Скопје – Париз-Скопје со Croatia Airlines
- Аеродромски такси
- Чекиран багаж 20 кг и рачен 8 кг
- 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis La Defence,https://all.accor.com/hotel/0771/index.en.shtml
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организиран панорамски разглед на градот со автобус
- Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група:Ла Дефанс,Елисејските Полиња,Триумфална Капија,плоштадот Конкорд,,Музејот Лувр однадвор и Паркот Тујлери,плоштадот Вандом,Операта Гарние однадвор, Галеријата Лафајет (со влез), Фрагонард музејот (со влез),Латинскиот Кварт и Нотр Дам однадвор,Сорбона, Пантеон,Луксембуршките градини,Ајфеловата Кула,Трокадеро, …
- Организација на патувањетои придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превозот со метро и автобус во Париз (цена околу 18,90 еур, картичкаNavigo за 10 возења)
- Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот спрат 18.80 еур до врвот 29,40 еур), за лица со возраст од 12 до 24 год. 50 % поевтино
- Посета на Лувр 22 еур влезница(се купува On Lineбилет)
- Посета на Версај – 75 еур (резервација +влезница+водич + превоз),за лица до 18 год. 45 еурне е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место,чини околу 13еур
- Влезница за брод по Сена 20 еур (се патува со метро и пратител)
- Посета на Мон Мартр, црквата Свето Срце, Плоштадот на сликарите,Пигал и Мулен Руж однадвор -15 еур по лице
- Влезници: Операта Гарние 15еур, музејот Орсеј 16 еур, црквата Saint Chapelle 13 еур, (влезниците се купуваат on-line)
- Посета на Мулен Руж со претстава (цена од 100-150 еур со пијалок ½ шампањ), Крејзи Хорс ( 80-100 еур)
- Посета на Дизниленд–влезниците се купуваат on-line ( цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива, превоз со RER(брзиот воз) 10 еур по лице
- Вечера или ручек во ресторан од 20 еур без пијалок- дневно мени
- Задолжително здравствено и патничко осигурување 180 мкд.
Општи услови:
- Плаќањето е задолжително во денари (1 еур =62мкд)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
- За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
- Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите можно е да претрпат промена ,не се загарантирани и редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
- НАПОМЕНА: Сите влезници се купуваат, пред да започне патувањето, во предходна консултација со одговорното лице(водичот) ,во спротивно не можеме да гарантираме слободни места.