АВИОН 8 дена / 7 ноќевања
КИПАР е островска држава во Средоземното море, а такму влијанитео на средоземната медитеранска клима и неговата местоположба се причина да на Кипар доминираат сончеви денови преку целата година. Територијално островот е поделен помеѓу Турција – Северен Кипар и Грција – Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски. Главниот град Никозија или Лефкозија и најголем град на островот е единственот во светот кој припаѓа на двете држави… Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Ларнака, големотото шеталиште со палми и соленото езеро со фламингоси се дел од причините да се биде тука… Лимасол, модерен, богат, град кој поради многу нешта претендира да стане економски центар на Кипар…Никозија, антички наречена Ледра, градот кој покрај тоа што припаѓа на две држави, исто така има и две временски зони… интересно е да се биде во град каде што со пасош ќе преминете улица…
23 Јуни (недела) СКОПЈЕ – СОЛУН – КИПАР
Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Ин. Трансфер до аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 18:40 часот. Слетувањето е во 20:40 часот. Организиран трансфер до хотелот. Ноќевање.
24 Јуни – 29 Јуни (понеделник-сабота) КИПАР
Појадок. Слободно време за индивидуални активности
30 Јуни (недела) КИПАР – СОЛУН – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром, полетување во 15:55 часот. Слетување во Солун во 18:05 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот:
Обратете се во агеција
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО
· Трансфер до Солунскиот аеродром
· Авионски билет Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air;
· Аеродромски такси
· Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm
· Трансфери аеродром – хотел – аеродром
· Сместување во хотел 3* на база 7 ноќевањa со појадок
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
· Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг, чекиран багаж – куфер до 20кг
*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред терминот на поаѓање)
· Туристичка такса 1350 ден
· Патничко осигурување
· Можност за факултативни разгледи за време на престојот
НАПОМЕНИ:
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.