Барселона и Калеља

7 ноќи со авион од 06.10.2024

795€

БАРСЕЛОНА – КОСТА БРАВА – САЛВАДОР ДАЛИ

06.10.2024 – 13.10.2024 | 7 ноќи – 8 дена | Лет од Скопје

Авионска програма

 

Софистицираната, елегантна и романтична стара дама – Барселона. Импресивните и необични градби на Антонио Гауди го чинат овој град единствен, благодарение на широкоградиот дух на Шпанците тој не е само станица на илјадници туристи туку и место каде ќе ја почуствувате топлината на домот. Искористете ја уникатната можност да ги посетите и искусите од прва рака сите културни и архитектонски зданија кои овој град ги нуди на дофат и уживајте во Паркот Гуел, плоштадот на Кристофер Колумбо, плажата Барселонета, плоштадот Каталунија од каде започнува светски познатата пешачка и шопинг улица La Rambla, плоштадот Еспања со импресивните фонтани, Олимпиското село, брдото Монтжуик, олимпискиот стадион, Камп Ноу, музејот на Дали во Фигерас, како и огромен број на други класични и модерни архитектонски ремек дела         .
Коста Брава – крајбрежен регион и популарна туристичка дестинација поради умерената клима и прекрасните плажи со кристално чиста вода и волшебен, ситен песок. Додека еден дел од брегот на Коста Брава станал развиена туристичка дестинација, останатите делови го задржале традиционалниот изглед и станале „скриенa скапоценост“ за посетителите кои сакаат нешто повеќе од сонце, море, песок и Сангрија. Калеља е одалечена на само еден час со воз од Барселона. Тука ќе можете да уживате на 3 километарска златна плажа.
Калеља (Calella) – Едно од најатрактивните и најразвиени туристички места на обалата на Коста Брава. Прекрасна песочна плажа, атрактивни хотели, шеталишта, шопинг… А на помалку од 1 час патување со воз и за карта од неколку евра се стигнува до срцето на Барселона.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1 ДЕН. ( 06.10.2024 – НЕДЕЛА ) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 02:25 часот. Лет за Барселона со конекција преку Виена во 04:25 часот со авиокомпанијата Austrian Airlines. Пристигнување во Барселона во 09:10 часот по локално време. Трансфер до Калеља – Коста Брава, превземање на собите според хотелските правила. Слободно време за индивидуални активности. .  Предлог факултативен излет во вечерните часови, целовечерна Шпанска вечер проследена со многу забава и Фламенко шоу. Вечера. Ноќевање. Вечера. Ноќевање

 

 

2 ДЕН. ( 07.10.2024 – ПОНЕДЕЛНИК ) КАЛЕЉА  – БАРСЕЛОНА

Појадок. По појадокот се упатуваме на  целодневен излет  и разглед на BARCELONA со превоз и локален водич. Започнуваме со панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал, главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, прекрасната готска катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија –  централниот градски плоштад точка каде стариот град се сретнува со новиот во чие продолжение се протега нај познатата и секогаш забавна авенија Ла Рамбла, автентичниот пазар MERCAT DE LA BOQUERIA, споменикот на Колумбо – местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на Каталонската уметност, со фасцинантен поглед према целиот град, плажата Барселонета, познатите Гаудиеви згради – Casa Mila и Casa Batllo… Слободно време за индивидуални активности. Трансфер до хотелот во Калеља. Вечера. Ноќевање.

3 ДЕН. ( 08.10.2024 – ВТОРНИК ) КАЛЕЉА – ЖИРОНА – ФИГУЕРЕС

Појадок. Факултативен целодневен излет, посета на Girona и Figueres. Girona е град во североисточниот регион на Каталонија во близина на границата со Франција, покрај реката Onyar, познат по средновековната архитектура, посебен шарм на овој град даваат стариот кварт Barri Vell и Римските остатоци од тврдината Forca Vella, град во кој доминираат средновековни градби и потсетници на Римјаните, Арапите и Евреите, насекаде има можност да се проба регионалната кујна која во своите рецепти ги обединува производите од морето и планините. Импресивната Готска Катедрала во Girona е една од најпрепознатливите локации од култната серија Game of Thrones. Посета на Figueres, посета на ексцентричниот музеј и театар на Салвадор Дали. Музејот на Салвадор Дали се наоѓа во неговата семејна палата, а изложбата, која е компилација на делата на уметникот од различни периоди, ја поставил самиот маестро. Секоја просторија од овој необичен музеј може да се види како еден вид уметничко дело. Освен сликите на Салвадор Дали, секако може да се видат и многу негови дела и необични инсталации. Можност за организиран ручек. Враќање во Калеља во вечерните часови. Вечера. Ноќевање.

4 ДЕН. ( 09.10.2024 – СРЕДА ) КАЛЕЉА – МОНСЕРАТ

Појадок. Факултативен целодневен излет, посета на Montserrat. Монсерат потекнува од латински и каталонски, што значи „назабена планина“. Ова име го опишува назабениот изглед на планината, со пили, кој се карактеризира со нејзините уникатни врвови во облик на игла и карпести формации. Овие формации се обликувани во текот на милиони години од природните процеси на ерозија, создавајќи драматичен и карактеристичен пејзаж. Монсерат е спектакуларно прекрасно планинско одморалиште на бенедиктински монаси околу еден час северозападно од Барселона. Манастирот Монсерат е од значајно религиозно значење и природната убавина што го опкружува манастирот го одзема здивот. Ќе дознаете за светата пештера каде што биле пријавени посети на Дева Марија, како и рециталите на светски познатиот хор на Монсерат, заедно со детали за планинската прошетка со поглед што го одзема здивот.За многу посетители, патувањето во Монсерат, е врв на нивната посета.

5 ДЕН. ( 10.10.2024 – ЧЕТВРТОК ) КАЛЕЉА

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, уживање на прекрасната песочна плажа во Калеља и истражување на убавините на градот, кој е богат со преубави автентични каталонски улички, многу продавници, барови, ресторани, таверни, големо шеталиште покрај море и палми или предлог, посета на Dalmau Park кој што се наоѓа во самиот град и нуди преубава природа со феноменални погледи кон градот и морето. Вечера. Ноќевање

6 ДЕН. ( 11.10.2024 – ПЕТОК ) КАЛЕЉА – БАРСЕЛОНАДЕЛАТА НА ГАУДИ

Појадок . Факултативен излет во Барселона – делата на Гауди. Поаѓање кон PARK GUELL, кој е дел од листата на Светското Културно Наследство под заштита на Унеско, ремек делото на познатиот Шпански архитект Антони Гауди кој е составен од прекрасни градини и уникатни архитектонски елементи. Неговите дела денес се симбол на Барселона и се карактеризираат со меки и брановидни линии, односно елементи кои наликуваат на живи организми. Благодарение на неговата архитектура градот станал туристичка атракција. Посета на LA PEDRERA CASA MILA, на Гауди, една од најпознатите градби на архитектот, како и автентичен симбол на градот Барселона кое е тотално уметничко дело. Делата на Гауди кулминираат со создавањето на базиликата и црквата на Светото Семејство – Sagrada Familia која исто така е Светско Културно Наследство под заштита на Унеско. Посета на SAGRADA FAMILIA, најголемата недовршена Католичка црква во светот чија изградба е започната од 1882 година, а се очекува да се заврши до 2026 година, на одбележувањето на стогодишнината од смртта на Гауди. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање. 

7 ДЕН. ( 12.10.2024 – САБОТА ) КАЛЕЉА

Појадок. Слободно време за индивидуални активности, шопинг, уживање на песочните плажи во Коста Брава.

Вечера. Ноќевање.

8 ДЕН. ( 13.10.2024 – НЕДЕЛА ) КАЛЕЉА– СКОПЈЕ  

Појадок. Одјавување од собите според хотелските правила. Трансфер од хотел до аеродромот во Барселона. Лет од Барселона до Франкфурт со авиокомпанија Lufthansa во 06:50 часот. Лет од Франкфурт до Скопје во 11:40 часот, пристигнување во Скопје во 13:55 часот.

 

 

КОСТА БРАВА
ХОТЕЛ 4*
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 06.10.2024 – 13.10.2024
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 06.10.2024 – 13.10.2024
УСЛУГИ 7 полупансиони
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 7 ноќи / 8 дена  
 Цена по лице во двокреветна соба 895 € / 55.490 мкд
 Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 31.08.2024 795 € / 49.290 мкд
 Доплата за еднокреветна соба 180 € / 11.160 мкд
 Попуст за дете од 02-11,99 години -140 € / 8.680 мкд
 Попуст за трет возрасен -35 € / 2.170 мкд
 Доплата за полн пансион (ручек) 50 € / 3.100 мкд

 

Во цената е вклучено: 

  • Авионски превоз на релација Скопје – Виена – Барселона – Франкфурт – Скопје
  • Аеродромски такси, рачен багаж 8кг
  • Сместување и 7 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 4*
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Организирани трансфери од Аеродром до хотел и обратно
  • Целодневен разглед на Барселона со локален водич

Во цената не е вклучено: 

  • Патничко здравствено осигурување
  • Дополнителни оброци и пијалоци
  • Чекиран багаж – со доплата
  • Туристичка такса 9,24 eur по лице за 7 ноќевања ( не се наплаќа за деца под 17 год. )
  • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
  • Факултативни посети, излети и влезници ( ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ ВО АГЕНЦИЈА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА )

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

  • Факултативен целодневен излет Girona – Figueres со локален водич и превоз – 90 eur
  • Влезница за музејот на Салвадор Дали – 25 eur,
  • Факултативен целодневен излет MONTSERRAT со локален водич и превоз – 90 eur
  • Влезница за MONTSERRAT со вклучена дегустација на пијалок – 20 eur
  • Факултативен целодневен излет ДЕЛАТА НА ГАУДИ со локален водич и превоз, со вклучена влезница за PARK GUELL – 90 eur
  • Влезница за LA PEDRERA CASA MILA 40 eur
  • Влезница за Sagrada Familia 35 eur
  • ПАКЕТ ВЛЕЗНИЦИ – ДЕЛАТА НА ГАУДИ 155 eur
  • La Masia Dinner + ФЛАМЕНКО ШОУ И ЗАБАВА со вклучен превоз 65 eur, цена за дете 45 eur

 

ЗАБЕЛЕШКИ:

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници.
  • Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
  • Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
  • За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Аурора Турс и Хавана Травел.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промена во денови во зависност од состојба на терен и други објективни причини.

Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација