Будва и Дубровник

2 ноќи со автобус од 10.10.2024

99€

11 ОКТОМВРИ БУДВА

Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.

 

Промо цена  99евра / 6,138  мкд за резервации до  20.09.2024

Редовна цена на аранжманот 109 евра / 6.760 мкд 

 

Програма за патување

10.10.2024 (Четврток) СКОПЈЕБУДВА

Состанок на групата во 22:00 часот и заминување за Црна Гора во 22:30 часот. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација на арнжманот.

11.10.2024 (Петок)  – БУДВА

Пристигнување во Будва во утринските часови, разглед на градот. Сместување. Слободно време за одмор. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности.

Ноќевање.

 

12.10.2024 (Сабота)БУДВА-ДУБРОВНИК

Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море… Слободно време, враќање кон Будва. Посета на некој паб или клуб во Будва. За влез во Хрватска потребен е пасош.

Ноќевање.

 

 

 

13.10.2024 (Недела) – БУДВА –КОТОР – ТИВАТ – СКОПЈЕ

Напуштање на вилата.  По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности во Тиват, разглед на католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот Тиват), плоштадот „Култура“, црквата Св.Сава. Прошетката продолжува низ Котор каде може да се посетат: поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола… Крстарење со брод по заливот Бока Которска можност да се посетат црквата ,,Богородица на Скпрела,, и градот Пераст заштитен од (UNESCO). Поаѓање за Скопје во попладневните часови.
Патниците кои нема да одат на овој факултативен излет имат слободно веме. Во договорено место и време се собират од Будва и поаѓање кој Македонија.
Пристигнување во Скопје после полноќ-14.10 Понеделник

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобускиот превоз со високо туристички автобуси
  • 2 ноќевања во приватни сместувања.
  • Организирана прошетка во Будва
  • Туристички придружник за време на целиот престој
  • Организација и реализација на аранжманот

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Патничко осигурување (се вади во агенција)
  • Туристичка такса 2 евра од лице (се плаќа задолжително од лице во автобус)
  • Факултативен излет до Тиват, Котор и крстарење по Бока Которска 40 евра (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
  • Факултативен излет до Дубровник – 35 евра (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • Доплата за сингл соба (50% од сумата на аранжманот)- за лица кои патуват сами.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош или лична карта, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
    Ова патување може да се реализира со лична карта или пасош. Доколку го посетувате Дубровик задолжителен е валиден пасош.
Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација