Куба (Хавана и Варадеро)

04.03.2025 - 15.03.2025

1995€

КУБА – ВАРАДЕРО И ХАВАНА

Уживајте во ритамот на салсата и во белите плажи на Карибите

04.0315.03.2025 | 9 ноќи 11 дена

Групно патување | Лет од Скопје 

 

 

Авионски лет:   Turkish Airlines (Скопје – Истанбул – Хавана – Истанбул – Скопје)
Поаѓање: 04.03.2025 во 20:35ч. (Скопје)
Пристигнување: 05.03.2025 во 07:15ч (Хавана)
Услуга: Варадеро:  7 ноќевања со  Се вклучено (All Inclusive)

Хавана:       2 ноќевања со Појадок  (Bed & Breakfast)

Сместување: Варадеро:  7 ноќи во хотел Playa Vista Azul 5* или сличен
Хавана:       2 ноќи во хотел Grand Aston Habana 5* или сличен
Друго вклучено: Трансфери & претставник од Македонија
Враќање во Скопје: 15.03.2025 во 19:45ч.

Добредојдовте во Куба, земјата на музиката, сонцето, на боите, насмевките… Магичен остров со фасцинантна архитектура која го враќа духот на колонијалното време, каде се чини дека времето застанало, земјата на револуцијата! Куба е нешто што треба самите да го доживеете,  да го вкусите, помирисате, допрете…. Патувањето ве води од прекрасните плажи со бел песок и тиркизното море во Варадеро, па се до раздвижената и историска Хавана, каде ќе ја запознаете нивната автентична и богата култура, ќе ги вкусите нивните традиционални јадења, ќе ги испиете најдобрите Cuba libre и Mojito коктели на светот, ќе имате можност да ги помирисате рачно валаните кубански пури и да танцувате во веселиот ритам на салсата на врвните музичари. Куба е дестинација која не наликува на ниедна друга, возбудлива, контрадикторна, земја со богато минато од шпанските конквистадори, карипските пирати, црните робови, до американските магнати и мафијаши, и револуционерите, со чудесните градови со неверојатно убава колонијална архитектура. Од овој момент заборавете на сето она што сте го прочитале за Куба, отворете ги сите сетила и препуштете му се на уживањето на една уникатна егзотична авантура, запознајте го најубавиот карипски остров од кој ќе се вратете маѓепсани и полни со неверојатни впечатоци.

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1 ДЕН (04.03.2025 – вторник)                       СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛХАВАНА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18:30 часот. Полетување од Скопје за Истанбул во 20:35 часот, лет број TK 1006 со лет на авиокомпанијата Turkish Airlines.  Слетување во Истанбул во 00:15 часот, локално време. Полетување од Истанбул за Хавана  во 01:55 часот.

2 ДЕН (05.03.2025 – среда)                            ХАВАНА – ВАРАДЕРО

Пристигнување на меѓународниот аеродром во Хавана во 07:15 часот по локално време. По завршување на пасошките и царинските формалности, пречек од страна на претставник на локалниот партнер, по што следи организиран трансфер од аеродромот во Хавана до хотелот во Варадеро. Коктел за добредојде и сместување. Слободен ден за одмор, сончање, капење и коктели на една од најубавите плажи на Карибите. Ноќевање.

***Забелешка: Пријавувањето во хотелот е најчесто до 16 часот, но патниците во меѓувреме можат да уживаат во хотелските капацитети и да ручаат во хотелот.

3 до 8 ДЕН (06.03. – 11.032025)                    ВАРАДЕРО

Престој во хотел на база „All Inclusive“. Слободни денови за капење, сончање и одмор. За време на вашиот престој во Варадеро ќе се организираат разни факултативни екскурзии, како: Трите града со вклучен ручек (Cienfuegos, Santa Clara, Trinidad)                ; екскурзија со катамаран со вклучен ручек (Seafari Catamaran Cayo Blanco); Екскурзија Џип Сафари со вклучен ручек (Jeep Safari). Ноќевање.

9 ДЕН (12.03.2025 – среда)                            ВАРАДЕРО – ХАВАНА – Екскурзија Хемингвеј тура” (Hemingway Tour)

Појадок во хотел. По појадокот одјавување од собите и организиран трансфер од Варадеро до хотелот во Хавана. Пристигување во хотелот во Хавана (пријавувањето е во 16:00 часот). Слободен ден за индивидуални активности или можност за полудневна факултативна екскурзија по стапките на Хемингвеј (Finca Vigia, Floridita и ручек во Cojimar). Слободна вечер или можност за вечера со оранизиран трансфер во ресторанот Restaurant ChaChaCha (со доплата). Ноќевање.

10 ДЕН (13.03.2025 – четврток)                   ХАВАНА – Екскурзија Хавана со кабриолети / Cabaret Tropicana Show

Појадок во хотел. Слободен ден за индивидуални активности или предлагаме целодневна  факултативна екскурзија на Хавана со уникатна цена, обиколка на Хавана со олдтајмери, посета на музејот на рум, со вклучен ручек. Слободно попладне. Навечер можност за вечера со организиран трансфер во ресторанот El Cocinero Restaurant (со доплата).

По вечерата има можност за уникатна факултативна екскурзија – посета  на светско познатото Кабаре Тропикана шоу (Cabaret Tropicana Show) со вклучен трансфер. Ноќевање.

11 ДЕН (14.03.2025 – петок)                          ХАВАНА – ИСТАНБУЛ

Ран појадок во хотелот. Одјавување од хотелот и  организиран трансфер до аеродромот во Хавана. Со завршувањето на пасошките контроли започнува враќањето во реалноста, носејќи ги со себе најубавите спомени од една од најуникатната држава на светот, со надеж дека повторно ќе се вратиме. Полетување од Хавана за Истанбул во 09:40 часот лет број TK 195.

12 ДЕН (15.03.2025 – сабота)                       ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Слетување во Истанбул во 09:30 часот, локално време. Полетување за Скопје во 20:15 часот. Слетување во Скопје во 19.45 часот по локално време.

ПАКЕТ АРАНЖМАН – КУБА 
ВАРАДЕРО  PLAYA VISTA AZUL 5*ХАВАНА  GRAND ASTON HABANA 5*
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 04.03 15.03.2025
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 05.03 14.03.2025
УСЛУГИ 7 AI + 2 BB
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ 9Н / 1
Цена по лице во двокреветна соба 2.100 € / 130.200 мкд
РАН БУКИНГ цена по лице за резервации до 30 декември 2024 1.995 € / 123.690 мкд
Попуст за дете (2 – 11,99 год) *** -245 € / -15.190 мкд
Попуст за трето лице (12+ год) *** -70 € / -4.430 мкд
Доплата за еднокреветна соба На барање
 *** Сместувањето за трето лице и за деца е на дополнително легло, спрема расположливост.

 

ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 15 ПАТНИЦИ
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:    

  • Повратни авионски билети на релација Скопје – Хавана – Скопје со авиокомпанија Turkish Airlines, со аеродромски такси.
  • Вклучен багаж: 1 парче рачен багаж до макс. 8 кг и 1 парче чекиран багаж до макс. 23 кг.
  • Пречек и асистенција на аеродромот во Хавана од страна на локалниот партнер.
  • Oрганизиран трансфер од аеродром во Хавана до хотел во Варадеро.
  • 7 ноќевања на база Се вклучено (All Inclusive) во хотел Playa Vista Azul 5* или сличен во Варадеро.
  • Oрганизиран трансфер од хотелот во Варадеро до хотел во Хавана.
  • 2 ноќевања на база ноќевање со појадок (Bed & Breakfast) во хотел Grand Aston Habana 5* или сличен во Хавана.
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Задолжително меѓународно патничко здравствено осигурување.
  • Бакшиши за локалните водичи и возачи кои се задолжителни во овој дел од светот.
  • Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
  • Индивидуални трошоци, оброци, пијалоци и услуги надвор од понудата.
  • Факултативни екскурзии и влезници за културно-историски споменици.

 

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕТО:

  • За македонските државјани НЕ Е ПОТРЕБНА виза за влез во Куба, за престој помалку од 90 дена.
  • Патниците кои патуваат со друг пасош да проверат во својата амбасада дали им е потребна виза за влез во Куба.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува.
  • Задолжително е патниците да го проверат времетраењето и точноста на патната исправа, како и бројот на празни страници во пасошот потребни за патувањето.
  • Пасошот треба да биде со важност од минимум 180 дена (6 месеци) од денот на враќањето во државата.
  • Локалното време е минус 6 часа во однос на времето во Македонија.
  • Куба е земја каде што е вообичаено и задолжително да се дава бакшиш за услуги во хотели, ресторани, автобуси…
  • За влез во Куба задолжително е да имате меѓународно здравствено осигурување.
  • Важно: На барање на кубанската влада, сите патници кои патуваат за Куба се обврзани да пополнат онлајн формуларот пред пристигнувањето, познат како D’VIAJEROS. Задолжително е секој патник да го пополни формуларот пред патувањето и добиениот QR код да си го испрати на својот e-mail, да го зачува и/или испечати, за да може да го презентира на шалтерот при пријавувањето на аеродромот во Скопје, како и на имиграционите служби на аеродромот на прристигнување во Куба (Хавана). Формуларот ќе го најдете на линкот: https://dviajeros.mitrans.gob.cu/inicio

 

ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ:

  • Организатор на ова патување е AУРОРА ТУРС;
  • Минимален број на патници за реализирање на програмата е 15 лица;
  • За резервации потребен е аванс од 40% од вкупнот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот;
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини;
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми / корегира цената на аранжманот, како и цените на факултативните екскурзии;
  • Во случај на недоволен број пријавени патници организаторот може да им понуди на патниците можност да се организира индивидуално патување за наведената дестинација, со промена на цената на патувањето.
  • За реализација на факултативните екскурзии со поаѓање од Варадеро и од Хавана потребен е минимум од 15 лица. За истите потребно е да се изјасните во агенцијата пред реализација на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот доколку дојде до промена во цените на авионските билети, хотелските услуги, или доколку настане поголема промена во девизниот курс.
  • Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
  • Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ:

За време на престојот може да се организираат бројни интересни факултативни екскурзии (со доплата). Минимумот за реализација на екскурзиите е 15 лица. Во случај на помал број пријавени патници, екскурзиите може да се откажат или да се реализираат по корегирана цена. Пожелно е пријавувањето да се врши во агенција, а плаќањето е на лице место.

Факултативни екскурзии од Варадеро:

  • Екскурзија трите града со вклучен ручек (Cienfuegos, Santa Clara, Trinidad): 120 еур по лице
  • Екскурзија со катамаран со вклучен ручек (Seafari Catamaran Cayo Blannco): 120 еур по лице
  • Екскурзија Џип Сафари со вклучен ручек (Jeep Safari) :                                               110 еур по лице

Факултативни екскурзии од Хавана:

  • Екскурзија “По стапките на Хемингвеј” (Hemingway Tour): 60 еур по лице
  • Екскурзија Хавана со кабриолети со вклучен ручек:                                                 50 еур по лице
  • Екскурзија Cabaret Tropicana Show со вклучен трансфер: 120 еур по лице
  • Вечера во ресторанот El Cocinero или ChaChaCha со трансфер: 80 еур по лице

 

Целодневна Екскурзија од ВАРАДЕРО

Трите града со вклучен ручек (Cienfuegos, Santa Clara, Trinidad)                                120 еур по лице

Целодневна факултативна екскурзија кој нуди единствена можност да се посетат три исклучително важни градови: Сиенфуегос, Санта Клара и Тринидад. Поаѓање од хотелот и органзиран трансфер до градот Сиенфуегос, на панорамски разглед. Сиенфуегос (Cienfuegos), прекрасен приморски град, еден од бисерите на кубанската архитектура, во кој особено се издвојува Палатата Palacio de Valle, успешна комбинација на византиско-венецијанско-мавританската архитектура. На главниот плоштад се наоѓа и втората триумфална порта на Куба, познатиот театар Teatro Tomas Terry каде настапувале Енрико Карузо и Сара Бернар. Продолжуваме со посетата на градот Тринидад и пешачки разглед на историскиот центар, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО. Тринидад е еден од најдобро зачуваните карипски градови од времето кога трговијата со шеќер била главна индустрија во овој регион, со прекрасен колонијален стил и прекрасни цркви. Посета на барот La Canchanchara за да уживате во истоимениот локален коктел. Ручек во локален ресторан (вклучено во цената). Продолжуваме до градот Санта Клара (Santa Clara), градот херој во кој се водеа последните битки од кубанската револуција и последното почивалиште на Ернесто Че Гевара и посета на Мавзолејот. Враќање назад во хотелот во Варадеро.

 

Целодневна Екскурзија од ВАРАДЕРО

Крстарење со катамаран до Кајо Бланко (Seafari Catamaran & Cayo Blanco)           120 еур по лице

Целодневна  факултативна екскурзија Seafari Catamaran Cayo Blanco – пловење со катамаран по Карипското Море. Поаѓање наутро од хотелот во Варадеро со групен трансфер до блиското пристаниште La Marina. Качување во катамаранот и уживање во магијата на Карипското Море. Отворен бар на бродот со локални пијалоци: безалкохолни пијалоци, вода, пива, кубански коктели и рум. Уживање и забава на брод со музика, анимација и интеракција со екипажот на катамаранот. Можност за нуркање покрај коралниот гребен и истражување на богатиот подводен свет. Пристигнување во делфинариумот. Интеракција со делфините и уживање во шоуто со делфини. Продолжување со пловење до островот Кајо Бланко (Cayo Blanco) и слободно време за уживање. Ручек во ресторан на Кајо Бланко (вкусен ручек со разновидно мени и all-inclusive бар со локални пијалоци). Слободно време за капење на плажа. Испловување назад кон пристаништето и трансфер до хотелот во Варадеро.

 

Целодневна Екскурзија од ВАРАДЕРО

Екскурзија Џип Сафари (Jeep Safari)                                                                                       110 еур по лице

Поаѓање окулу 08:30 часот од хотелот и трансфер до паркингот на џиповите во центарот на градот Варадеро (30 мин). За екскурзијата Jeep Safari, патниците сами ги возат џиповите, па мора да ја понесат својата возачка дозвола. Џиповите имаат механички менувач. Незаборавна авантура со теренско возење џипови низ кубанските села, уживајќи во бујната вегетација и воодушевувачките пејзажи на кубанската савана. Нуркање покрај соседните корални гребени во Playa Coral. Пловење со брод низ водите на реката Канимар, најголемата во провинцијата Матанзас. Уште една можност за авантуристите да ги насладат своите очи со бујното и воодушевувачко зеленило на регионот. Пловење со брод по реката и пристигнување на ранчот за да уживате во вкусен ручек послужен во кубански стил во совршен амбиент (вклучен во цената), со можност за пливање во реката, а со дополнителна доплата има можност за јавање коњи (секое јавање трае околу 5 минути), или едноставно време за релаксација уживајќи во флората и фауната. Посета и пливање во слатките води во една од најпознатите кубански пештери „Пештерата Сатурно“ (Saturno Cave), која многумина ја сметаат за едно од уникатните и невидени природни чуда на островот.  Враќање назад во Варадеро околу 16.00 часот и трансфер до хотелот.

 

Полудневна Екскурзија од ХАВАНА

По стапките на Хемингвеј” (Hemingway Tour)                                                                    60 еур по лице

Полудневна факултативна екскурзија по стапките на Хемингвеј (Finca Vigia, Floridita и ручек во Cojimar). Посета на Финка Вихија (Finca Vigia), поранешната резиденција на американскиот писател Ернест Хемингвеј во Хавана, претворен во музеј. Потоа следи панорамски разглед на рибарското село Кохимар (Cojimar), градот што го инспирирал Хемингвеј да го напише неговиот најпознат роман „Старецот и морето“ и посета на статуата на Хемингвеј. По кратката пауза ручек  во локален ресторан „Las Terrazas de Cojimar“ (вклучен во цената). По ручекот, ќе имате можност да уживате во омилениот пијалак на Хемингвеј – даикири (daiquiri) во познатиот бар Ел Флоридита (El Floridita Bar). Враќање во хотелот.

 

Целодневна Екскурзија од ХАВАНА

Разглед на Хавана со кабриолети, посета на музејот на рум, со ручек                     50 еур по лице

Поаѓање од хотелот во 09:00 часот. Уникатно искуство, возење стари американски автомобили – кабриолети од 1950-тите, кои го носат духот на минатото и ви овозможуваат да уживате во панорамата на главниот град на Куба, едночасовен панорамски разглед низ градските и модерните области на градот, вклучувајќи ги Универзитетот во Хавана, легендарниот хотел Национал (Nacional De Cuba), Плоштадот на револуцијата (Plaza de la Revolución Square), познатата авенија Малекон (Malecón), приморска променада која се протега долж морскиот ѕид на северниот брег на Хавана. Се продолжува до колонијалниот стар дел од градот – Стара Хавана, минувајќи покрај главната национална зграда Ел Капитолио (El Capitolio), поранешното седиште на владата на Куба до крајот на Кубанската Револуција во 1959 година, а сега во неа е сместена Кубанската Академија на Науките, па поминуваме покрај Големиот театар во Хавана (Gran Teatro de La Habana), авенијата „Ел Прадо“ (El Prado), поранешната Претседателска Палата и Централниот парк.

Разглед на градот Хавана пеш низ историскиот и колонијалниот дел на Старата Хавана, прогласен од УНЕСКО за светско наследство во 1982 година, каде ќе ги посетиме Плоштадот Плаза де ла Катедрал (Plaza de la Catedral), плоштадот Сан Франциско де Асис (Plaza de San Francisco de Asís), Стариот плоштад Плаза Вијеха (Plaza Vieja), прекрасниот Плоштад на оружјето (Plaza de Armas) и посета на хотелот Ambos Mundos Hotel, баровите Ел Флоридита (El Floridita) и Бодегита дел Медио (La Bodeguita del Medio). Следи ручек во локалнен ресторан Ла Барка (La Barca) (вклучен во цената, со 1 вклучен пијалок). По ручекот, посета на популарниот Музеј на румот (Museo del Ron Havana Club), па продолжуваме со посета на маркетот за ракотворби (Mercado de Artesanía). Време е за шопинг. Враќање во хотел.

 

Полудневна Екскурзија од ХАВАНА

Екскурзија Cabaret Tropicana Show со трансфер                                                                120 еур по лице

Посета на светско познатото Кабаре Тропикана шоу (Cabaret Tropicana Show) со вклучен трансфер. Кабарето Тропикана е круната на ноќниот живот во Хавана! Уживајте во спектакуларното шоу поблиску до сцената со повластени седишта. Ќе уживате во живата кубанска музика, исполнета со енергија, пеење, танцување и фасинантна кореографија и шарени костими и акробации, Кабарето Тропикана во Хавана е уникатно искуство. Од неговото отворање во 1939 година, ова шоу привлекува посетители од целиот свет. Ќе имате можност да танцувате со танчерите на звуците на автентичната кубанска музика како салса, болеро, мамбо и многу повеќе! Во цената се вклучени повласени седишта, пијалак за добредојде (cava), ¼ шише рум + 1 кубанска кока кола по лице, и повратен трансфер. Враќање во хотелот.

 

СМЕСТУВАЊЕ ВО ВАРАДЕРО И ХАВАНА:

 

ВАРАДЕРО: Хотел PLAYA VISTA AZUL 5* или сличен

Хотелот Playa Vista Azul е ресорт со пет ѕвезди на самата песочната плажа во Варадеро, сместен на карпа со фасцинантен поглед кон морето, и опкружен со две идилични плажи со бел песок и кристално чисти води. Хотелот располага со 502 соби, групирани во 6 категории. Стандардните соби имаат модерен, свеж декор и се опремени со клима уред, вентилатор на плафонот, директна телефонска линија, сателитска ТВ, опремена бања со фен, кафемат, сеф, мини-бар. Гостите ќе можат да уживаат во мноштвото опции за јадење во специјализираните ресторани кои служат романтична, италијанска и карипска кујна, со кубански безалкохолни и алкохолни пијалоци. Хотелот располага со 3 базени за сите гости, вклучувајќи и спектакуларен ¨Infinity Pool¨, единствен од ваков вид на полуостровот Варадеро, сместен на карпа. Има и 2 плажи, една плажа за релаксација и една за активности. За децата на возраст од 4 до 12 години има на располагање детски клуб со забавна програма водена од тим од професионалци. Меѓу пропратните содржини хотелот нуди дневна и вечерна забавна програма, Wellness центар (со доплата), Фитнес центар детски клуб, тениско игралиште, WiFi е достапна на јавни површини (со доплата), 24-часовна рецепција, како и различни спортови на вода. Услугата се базира на услугата „All Inclusive“ – Се вклучено.

 

ХАВАНА: Хотел GRAND ASTON HABANA 5* или сличен

Хотелот Grand Aston La Habana може да се пофали со привилегирана локација, во срцето на светски познатата авенија Малекон (Malecón), со поглед на еден од најпознатите заливи во светот, хотел кој е целосно реновиран во 2021 година. Оваа урбана оаза е идеално лоцирана во областа Ведадо, централната деловна област на главниот град, блиску до продавници, ресторани и забава. Хотелот се наоѓа на само 10 минути возење од Музејот на револуцијата, и на само 450 метри од Galerias de Paseo. Хотелот поседува уникатна дизајнерска архитектура, со 600 елегантни соби и апартмани. Сите соби имаат модерен декор, со минималистички концепт и со елегантен дрвен мебел. Сите соби се опремени со клима уред со индивидуална контрола, сателитска ТВ, опремена бања со туш и фен за коса, телефон, кафемат, сеф, мини-бар. Хотелот нуди богата понуда за јадење, меѓу кој е ресторанот Havana 92, сместен на 25-тиот кат, од каде што може да се ужива во прекрасните зајдисонца. На располагање на гостите им се базен, џакузи (со доплата), Спа центарот Ubud Spa, првиот салон во стилот на Бали во Куба (со доплата), фитнес центар, сауна (со доплата).

 

 

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација