ВЕЛИГДЕН ВО ТЕМИШВАР, СИБИУ и АРАД
Темишвар е трет по големина град во Романија и во оваа година (2023-та) е прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција. Тоа е градот Tемишвар (Тimisoara). Архитектонската разновидност, претставена со барок, историцизам, неокласицизам, Арт Нову и Сецесија на Винер, на Темишвар го доби прекарот „Мала Виена“.
За време на оваа тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад III познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок. Инаку, замокот на Дракула во Бран го посетуваме на турата која ја организираме за Букурешт и Трансилванија.
Bториот град што се посетува е градот Сибиу кој се наоѓа во срцето на Трансилванија а покрај неговото историско наследство со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”.
На оваа екскурзија се посетува и градот Арад, еден од херојските градови и втор град каде започнала познатата романска револуција од 1989 година.
Редовна цена на аранжман: 169 € / 10,478 мкд по лице
ПРОМО цена 149€/ 9,238 мкд по лице до 20.02.2024
02.05.2024 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ-ТЕМИШВАР
Состанок на група кај хотел Русија во 23:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани, Штип, Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.
03.05.2024 (ПЕТОК) ТЕМИШВАР
Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата – поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одомор.Вечерта – Ноќна посета на градот со посета на некој паб..Враќање во хотел.Ноќевање
04.05.2024 (САБОТА) ТЕМИШВАР-ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ
Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула во Бран. Поглед на надворешноста на непробојните ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетите огромната зандана и комората за мачење, како и остатоците од Јамата за мечки, каде што, според легендата, затворениците биле фрлани на мечките. Посетата на замокот. Заминување кон Сибиу. Сибиу се наоѓа во срцето на Трансилванија а покрај неговото историско наследство со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”. Градбите и зградите го одразуваат унгарското-германското влијание, а многу од нив имаат заедничка карактеристика на нивните покриви бидејќи имаат мали прозорци што личат на очи. Мештаните тврдат дека германските окупатори во регионите намерно граделе очи за да влеват страв. Интересен факт е дека очите на Сибиу во 2017-та година станаа симбол и своевидна лого демонстрација против корупцијата во владата. Имајќи предвид дека овој град е една од културните метрополи во земјата и развиените градови,демонстрантите редкоа дека ќе создадат ,,зона без корупција’’ со очите на Сибиу како симбол на нивната постојана будност. Во Сибиу групата ќе има слободно време за истражување на градот.Враќање во Темишвар.Сите заедно се упатуваме во Православната црква да ја проследиме целосната церемонија за Велиден.Ноќевање
05.05.2024 (НЕДЕЛА) АРАД-СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Заминување кон Арад. Станува збор за град во Западна Романија со 165.000 жители и за прв пат се споменува во 11 век, а бил важен центар на балканските настани. Ова е место каде што речиси сите народи што живеат на овие простори се сретнале и се судриле. Арад е еден од херојските градови, бидејќи e вториот град каде започнала познатата романска револуција од 1989 година. Интересен факт е дека во овој град живееле Срби и во Арад е роден познатиот филантроп Сава Текелија, но и првиот Србин кој станал доктор по медицина, Јован Стејиќ. Центарот на градот има добро зачувано јадрко, во кое доминира интересна архитектура, плоштади и паркови. Еден од најдобрите српски архитекти Милан Табаковиќ е одговорен за проектите на многу знаменитости во Арад Денес може да се видат бројни знаменитости што го прават овој град атрактивна дестинација за посета. Разглед на градот со локален водич. По разгледот слободно време за индивидуални активности.Враќање во Темишвар.Ноќевање
06.05.2024 (НЕДЕЛА) ТЕМИШВАР – БЕЛГРАД-СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Белград. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. . Слободно време околу 3 часа за шопинг во трговскиот центар ,,Rajiceva’’ на улицата Кнез Михаилова или индивидуална прошетка низ Калемегдан.Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови предполноќ во Скопје.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-Aвтобуски превоз.
-3 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар
-Разглед на Темишвар со локален водич
-Туристички придружник од агенција
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Посета и разглед на Арад со локален водич-20еур
-Ноќна прошетка низ Темишвар-5еур
-Посета на замокот Корвин со вклучена влесница и градот Сибиу-60еур
–ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ -70еур (-15еур ПОПУСТ)
-Туристичка такса-3еур по лице за двата дена (се доплаќа во бус)
-Патничко осигурување
НАПОМЕНА И ДОПЛАТИ:
** Факултативните екскурзиите се плаќаат во автобус. Патникот при уплата на аранжман задолжително се изјаснува на кои екскурзии ќе присуствува.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
- Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.
- Доплата за еднокреветна соба 40 евра (2.480мкд )
- За деца до 2.99 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
- За деца од 3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман.