НОВА ГОДИНА
ИСТАНБУЛ
29.12.2024 – 01.01.2025
Престолнина на империи, град кој владее два континента, средиште на цивилизации и култури – се само неколку од многуте дефиниции за Истанбул. Неограничената убавина на Истанбул е тоа што ги привлекува посетителите – безбројни музеи, цркви, џамии, базар, природни убавини. Додека уживате во зајдисонцето седнати покрај Босфорот и ги набљудувате пригушените светла на другиот континент, ќе сфатите зошто токму Истанбул е еден од највеличенствените градови во светот.
За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од убавината, а сепак никогаш нема да дознаете сѐ за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и сѐ така до недоглед…
429 € – 26.600 МКД
За резервација до 30.10.2024
1 ден 29.12.2024 (Недела)
Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:45 часот со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:20 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности: Предлог –Посета на некој од познатите трговски центри како на пример Форум со можност за посета на Аквариумот, Шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници, посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде се протега прекрасна панорамска глетка на Истанбул – Виртуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино, или посета на Karakoy-место со премногу улички и кафетерии, една од нив е познатата улица на чадорите…..Ноќевање.
2 ден 30.12.2024 (Понеделник)
Појадок. Во 08.30 часот ОРГАНИЗИРАН разглед на градот со стручен водич –Пешачка тура: прошетка по Султан Ахмед Плоштадот и Византискиот Хиподром. Прошетка до локалитетите: Топ Капи Палатата – Султановиот дворец опкружен со море од сите страни – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња; Аја Софија – црква, џамија, музеј… и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век е подигнато од византискиот цар Јустинијан; Влез во Basilica Cistern – Музеј познат по своите столбови– во времето на Византија оваа подземна цистерна го снабдувала Цариград со вода. Враќање во хотел.
Попладне (факултативно) организиран трансфер до брод, каде ќе може да уживате во Предновогодишна турска вечер – ноќно крстарење по Босфорот со вклучена вечера , пијалок и забава. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 31.01.2024 (Вторник)
Појадок. Во 08.30 часот (факултативно) посета на најубавата султанска палата Долма Бахче Сарај со стручен водич и превоз. Градена во Европски стил во 19 век, една од најгламурозните палати во светот, која зрачи со луксуз и приказни. Била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Продолжуваме (факултативно) кон Ушкудар, каде ќе може да се посети Кузунџук во азискиот дел на градот, населена област со колоритни дрвени куќи, калдрма и секако, омилено место за снимање турски серии. Се продолжува со посета на ридот Чамлиџа, кој е едно од омилените места за рекреација на локалците, и кулата, од која може да уживате во прекрасен панорамски поглед на Босфорот. Враќање во хотел.
ПРЕДЛОГ – ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено, на некој од плоштадите на Истанбул (индивидуално). Ноќевање.
4 ден 01.01.2025 (Среда)
Појадок. Одјавување од хотел. Во 09.00 часот (факултативно) Прошетка и посета на Балат, една од најстарите и најспектакуларните области во Истанбул, препознатлива по историските градби и калдрмата. Посета и влез на Цариградската Патријаршија позната и како Вселенска Патријаршија , една од 14-те Автокефални православни цркви. Продолжуваме кон Галата Кула – средновековна кула сместена во населбата Галата во близина на Златниот Рог. Враќање во хотел и подигнување на багажот. Организиран трансфер до аеродром околу 16:00 часот. Полетување за Скопје во 20:25 часот со број на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:55 часот.
Во цената се вклучени следниве услуги:
- Авио билет Скопје – Истанбул – Скопје на Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
- Организиран трансфер: аеродром – хотел – аеродром
- 3 ноќевања со појадок Hotel ORAN 4* во срцето на градот – oranhotel.com
- Организиран разглед со стручен водич– Пешачка тура
- Организација и пратител на патувањето
Во цената не се вклучени следниве услуги:
- Влезница за Цистерната
- Посета на Долмабахче, Ушкудар, Кузунџук и Чамлиџа – 55 €, со трансфер и водич (влезница за Долма Бахче Палатата и во кулата не е вклучена)
- Вечера на брод – 65 € по лице, со вклучен трансфер, вечера и пијалоци на бродот
- Посета на Цариградската Патријаршија, Балат, Галата кула – 55 € со трансфер и водич
- Патничко и здравствено осигурување
Важна напомена:
- Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
- За влез во Р. Турција потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци
- Пријавувањето и уплатата за факултативите се врши во агенција, најкасно 7 дена пред тргнување
- Краен рок за пријавување 15.12.2024. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
- За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 25 патници