Нова Година во Темишвар и Сибиу

2 ноќи со автобус

139€

Темишвар и Сибиу 

 

Едниот град е трет по големина град во Романија, кој во 2023-та година е прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција. Тоа е градот Tемишвар (Тimisoara). Архитектонската разновидност, претставена со барок, историцизам, неокласицизам, Арт Нову и Сецесија на Винер, на Темишвар го доби прекарот „Мала Виена“.
Bториот град е градот каде е одржан првиот Christmas Market во 2007-та година во Романија и воедно е најдобриот Christmas Makret во оваа земја, инспириран од божиќните пазари во Виена. Во овој град ќе бидете за време на Нова Година каде целиот град изгледа како да е поминат со магично стапче и посакува добредојде на сите оние кои сакаат да се препуштат на божиќната магија. За време на ова тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја.

 

Состанок на група кај хотел Русија во 22:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани (Суд) Штип (Лукоил бензинска на излез) и Куманово (Макпетрол). Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.

30.12.2024 (Понеделник): ТЕМИШВАР

Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата – поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,… По разгледот имаме слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одомор. Вечерта имаме посета на уникатниот божиќниот маркет во Темишвар, на по една чаша греано вино и уживање во божиќната атмосфера. Враќање во хотел. Ноќевање.

 31.12.2024 (Вторник) ТЕМИШВАР – ЗАМОКОТ КОРВИН – СИБИУ

Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула). Замокот има непробојни ѕидови, некогаш подвижен мост, а сега статичен и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетиме огромната зандана и комора за мачење, како и остатоците од “Јамата”, кoja што е поврзана со една народна легенда. Отако ќе завршиме со прошетката на Замокот се упатувам кон градот на божиќните маркети во Романија, Сибиу. Oвде ве очекува CHRISTMAS SURPRISE бидејќи божиќниот маркет во Сибиу е најдобриот во Романија. Божиќната атмосфера, дрвените куќички, осветлените улички преполни со празнични украси и сезонски подароци, божиќните песни ќе ве понесат низ предновогодишната атмосфера што никогаш нема да посакате да го напуштите ова место. Како бонус го имате панорамското тркало, рингишпилот и миленикот на децата- куќата на Дедо Мраз. Слободно време. Враќање во Темишвар и Дочек на Нова Година 2025. Враќање во хотел. Ноќевање

01.01.2025 (Среда): ТЕМИШВАР – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Белград. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Слободно време околу 3 часа за шопинг, прошетка низ улицата Кнез Михаилова или индивидуална прошетка низ Калемегдан. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови пред полноќ во Скопје.

 

ПРОМО ЦЕНА 139 ЕВРА /8.620 МКД

(ограничени резервации)

Цена на аранжманот: 169 евра / 10.480 мкд  по лице

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Aвтобуски превоз
  • 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар
  • Разглед на Темишвар со локален водич
  • Посета на Белград
  • Туристички придружник од агенција

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Вечерна посета на Темишвар- 5€
  • Пакет – Посета на Сибиу и замокот Корвин со вклучена влезница – 60€/ 55€ евра за студенти со приложување на индекс
  • Туристичка такса – задолжителна доплата во автобус- 2€
  • Патничко осигурување (200мкд)
  • Индивидуални трошоци

 

НАПОМЕНА И ДОПЛАТИ:

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  •  За реализација на патувањето потребно е минимум од 40 патници.
  • Доплата за еднокреветна соба- 50  евра плус од моменталната сума на аранжманот
  • За деца до 3 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
  • За деца со полни 3 год. до неполни 12 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.
Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација