Хрватска (Истра)

3 ноќи со автобус од 05.09.2024

279€

Не случајно во моментот сте на оваа програма.
Доколку сакате да го затворите летото со капење а исто така да шетате и посетите градови на право место сте. Нашата програма е комбинација од плажа, истражување, посета на знаменитости и истражување на ИСТРА, фантастичен полусотров каде на моменти ќе помислите дека сте во Италија.
На ова патување нема простор да ви биде здодвено па ако не патувавте за продолжениот викенд во август поточно за 2-ри август, не ја пропуштајте оваа понуда за 8-ми Септември, поаѓањето е на 06.09 во вечерните часови, понуда со 3 ноќевања со вклучен превоз во хотел со 3* со приватен базен во Цриквеница, во продолжение програмата…..

 

Состанок на групата кај хотел Русија во вечерните часови oколу 22:00ч. Имаме организиран превоз од Кочани,Штип,Велес,Скопје и Куманово. Ноќно возење со попатни паузи, граници и царински формалности.
Пристигнување во претпладневните часови во туристичкото место ,,Crikvenica’’ и сместување во Hotel/pavilions Ad Turres со 3* кој е реновиран и со приватен базен. Влезот во собите е по 14:00ч и овој ден е резервиран за вас, доволно време да се одморите од патувањето, да уживате на плажа ,,Omortika’’ која е на 10 минути од хотелoт или можете да го користите  базенот кој е во склоп на ,,Аd Turres Hotel’’ со коктел или кафе. 😊 За местото Цриквеница… Цриквеница се наоѓа наспроти островот Крк, има околу 11.100 жители и е на 35 километри од пристанишниот град Риека. Заедно со одморалиштата Драмаљ, Јадраново и Селце ја формира познатата Криквеничка ривиера. Историјата на туризмот датира повеќе од 125 години, а и денес ова прекрасно одморалиште е најпознатото и најголемото од целата ривиера. Гостите го сакаат неговиот непогрешлив носталгичен шарм, кој може да се доживее особено во романтичниот стар град, но и покрај шеталиштето. Сепак, Цриквеница е особено позната по многуте прекрасни плажи. Апсолутен белег во приморското одморалиште е долгата песочна плажа Градска Купалиште, која дури е наградена со сино знаме. Веднаш зад него е шеталиштето обложено со палми, кое води до други прекрасни заливи, до живописниот центар и стариот град. Тука се сместени многу добри ресторани, пријатни барови, кафулиња, но и некои продавници и бутици кои повикуваат на прошетка. Вечерта препорачуваме да го посетите стариот дел од градот и да севпиете во пријатна атмосфера. Вечера во хотел. Ноќевање.
Појадок во хотел. Слободен ден за плажа или индивидуални активности. Заминување на екскурзија каде се посетуваат Опатија и главниот град на островот Крк (градот Крк). За патниците кои ќе одат на ова екскурзије за вечера ќе добијат lunch пакет пред заминување на тура. Опатија e шармантен крајбрежен град со богата историја и култура, има многу фантастични локации, импресивни споменици и добро уредени паркови. Она што мора да се види во Опатија е дефинитивно историскиот центар на градот, улицата Слатина е секогаш многу жива бидејќи мотото е: види и биди виден. Шетајќи по живото шеталиште ќе откриете некои од највеличествените градби од царскиот период и, згора на тоа, ќе уживате во извонреден избор на ресторани, кафулиња и сувенирници. Една од најинтересните атракции во Опатија е Walk of Fame или патеката на славните која се наоѓа токму во центарот на градот и е дел од прекрасното шеталиште. Создадена дури во 2015 година, оваа улица на славните личи на познатата Булевар на славните во Л.А. Во моментов на оваа маѓепсана улица има 32 мермерни ѕвезди, кои во секој случај не треба да се пропуштат при посетата на Опатија. Слободно време за индивидулен разглед. Заминување кон главниот град Крк кој е престолнина на островот Крк. Историскиот стар град Крк е вистински лавиринт од камени улички и  живописни плоштади што датираат од среден век. Центарот на Стариот град е опкружен со добро си Градски ѕидини а некои делови од ѕидот се стари речиси две илјади години. Романтичното шеталиште со пристаништето е исто така навистина шармантно, каде најдобро можете да уживате во живата гужва и врева во едно од прекрасните кафулиња и ресторани. Катедралата во Крк со својата прекрасна кула со ‘’кромид’’ се смета за едно од знаменитостите на градот Крк. Катедралата е изградена уште во 5 век, а веднаш до неа се наоѓа црквата Свети Квирин од 12 век. Крк е прекрасно место за пијалок и место за гледање луѓе, без разлика дали тоа е од кафулињата покрај пристаништето или еден од баровите. Слободно време за прошетка. Заминување кон хотел. Ноќевање
Појадок во хотел. Слободно време за капење. Околу 14:00ч заминување на полудневна екскурзија а се посетуваат Ровињ и Пула и ќе уживате во убавините на ИСТРА. Патниците кои ќе се одлучат за овој излет ќе добијат lunch пакет. Првиот град што ќе се посети е Ровињ кој е неверојатен крајбрежен, романтичен и историски град во Хрватска, град лоциран на мал полуостров. Градот е омилен на туристите бидејќи станува збор за живописен стар град кои калдрмните улички биле изградени во средновековен стил, шарените куќи и градските плоштади создават амбиент што го одзема здивот. Една од најпрепознатливите знаменитости е црквата односно базиликата Св.Ефимија која била градена над остатоците од ранохристијанските градви во период од 1725-1736 год. Плоштадот Маршал Тито е главниот плоштад во Ровињ на која се наоѓа градската саат-кула, градската фонтана и најстарите кафулиња во град. Слободно време. Заминување кон Пула, најголемиот град во Истра. Главниот и најпрепознатливиот симбол на градот е римсиот амфитеатар познат како ,,АRENA PULA’’ кој е најдобро сочуванит пример на римскиот амфитеатар, арена каде се одржувале гладијаторски битки, борби со животни итн. Се поминува покрај градските ѕидини, триумфалната капија ,,Golden Gate’’. Оваа античка римска триумфална капија е едно од најпознатите иконски архитектонски парчиња што ќе ги сретнете при посетата на Пула а датира од 1 век п.н.е што е главниот влез на пешачкиот пат во Пула. Сводот некогаш бил дел од камената порта и ѕидините на Стариот град, кои биле уништени во 19 век со цел да се прошири градот и форумот кое е централното место за состаноци и главен плоштад во градот што е сочуван римски храм еден од 3-те храмови и тој е единствениот што преживеал.Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Пула. Враќање во хотел. Ноќевање
Појадок во хотел. Групно одјавување и заминување кон Риека (Rijeka) кој е трет по големина во Хрватска по Загреб и Сплит по број на население. Во ова туристичко место се наоѓа најважното хрватско пристаниште поради својата стратешка географска положба. Во 2020 година Риека беше избрана за европска престолнина на културата заедно со Голвеј во Ирска. Интересен факт е дека секоја година Риека е домаќин на еден од најголемите карневалски фестивали кој речиси е исто толку популарен како карневалот во Венеција. Корзо или стариот град е срцето на градот, главното градско шеталиште по кое е препознатлив овој град и опкружен со градби од кои датираат од 16 век. Патниците ќе имаат можност да ја видат старата градска кула, палатата на гувернерот, старата градска кула и други знаменитости кои ќе бидат препорачани од водичот. По разгледот следува слободно време за индивидуални активности. Заминување кон Македонија. Пристигнување во утринските часови во Македонија.

РЕДОВНА ЦЕНА: 309 ЕВРА
ПРОМО ЦЕНА: 279 ЕВРА ДО 20.08
ОГРАНИЧЕНИ МЕСТА ПО ПРОМО ЦЕНА!
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ: СИНДИКАТ, IUTE CREDIT И DINERS

 

Што е вклучено:

  • Автобуски превоз
  • 3 ноќевања со појадок и вечера во хотел Hotel/pavilions Ad Turres 3*
  • Koристење на базен
  • Посета на Риека
  • Туристички придружник од агенција

Не е вклучено:

  • Факултативен излет посета на Опатија и градот Крк- 30 евра од лице
  • Факултативен излет Посета на Ровињ и Пула- 65 евра од лице
  • Пакет сите екскурзии- 80 евра од лице (15 евра заштеда)
  • Туристичка такса- 6 евра од лице за 3 ноќевања *Факултативните излети и туристичката такса се наплаќаат во автобус, пријава за факултативните излети е задолжителна при уплата на аранжман
  • Патничко осигурување
  • Влезници во музеи и знаменитости и индивидуални трошоци
  • Доколку патувате сама/сам доплата за сингл соба е 60 евра плус од сумата на аражманот (ограничени соби)
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • При уплата на аранжманот патникот ЗАДИЛЖИТЕЛНО се изјаснуа дали ќе пристуствува на кои факултативните излети
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржините во програмата и промена на сместување.
  • Доплата за сингл соба 60 evra од сумата на аранжманот (ограничени соби)
  • Сместување со соби за две и три лица. Т.А СТАФ не гарантира дали ќе бидете сместени во соба со брачен, два единечни кревети или соба со поглед на море, менаџментот на хотелот го одредува тоа.
  • Во случај на overbook клиентот се согласува на сместување во друг хотел со иста или повисока категорија без никаков надомест.
  • Во зависност од бројот на патници се одлучува дали ќе се патува со комбе или автобус
Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација