Будимпешта – 2 ноќевања
(Виена – Сент Андреа)
Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
Термин 13.02.2025
1 ден 13.02.2025 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден 14.02.2025 БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. По разгледот, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Сместување во хотел… Ноќевање.
3 ден 15.02.2025 БУДИМПЕШТА –ПАНДОРФ – ВИЕНА
Појадок. Препорачуваме посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање
4 ден 16.02.2025 БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА
Појадок. По појадокот факултативно заминуваме на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден 17.02.2025 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 20.01.2025: 149 евра / 9.240 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 евра/ 10.480 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 250 денар
- Разглед на Будимпешта со локален водич 20€
- Крстарење по Дунав 20€
- Посета на Сент Андреа 30€
- Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 50€
- Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
- Доплата за еднокреветна соба 3.100 денари
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ХАВАНА ТРАВЕЛ