Alexander the Great Beach Hotel 4*- Kriopigi

ALEXANDER THE GREAT BEACH HOTEL 4*- KRIOPIGI

ALEXANDER THE GREAT

Хотел Alexander the Great е сместен на брдото над преубава плажа, опкружен со борова шума. Од терасата на хотелската кафетерија се протега преубав поглед на Егејското море. Изграден во борова шума, над фантастична, непрегледна песочна плажа, во интимна атмосфера, со љубезен персонал и вкусната храна базирана на домашни специјалитети, го чини омиленото место за одмор на многумина. Хотелската плажа е една од најубавите на Касандра, а до неа се стигнува по скали или со лифт. Сите 216 хотелски соби се комплетно реновирани 2004 година, опремени со фен, балкон, клима уред, телефон, музика, сателитска ТВ и сеф. Хотелот нуди: лоби, рецепција, интернет ќоше, главен ресторан, a la carte ресторан/таверна на отворено/, кафетерија, просторија со забавни игри, конференциска сала, мини-маркет, сувенирница, бар на тераса со поглед на море, градина, базен со делот за децата, лежалки и чадори околу базенот /бесплатни/ и на плажата /со доплата/, сервис за перење, анимација и забава, тениско игралиште, одбојка на плажа, пинг понг, изнајмување на коли и велосипеди… Услуга е полупансион и полн пансион (појадок и вечера – шведска маса; ручек – menu). ***Ручекот е лесна варијанта и се сервира во хотелската таверна.

*Прилагоден за лица со пречки во движење

Пријавувањето е по 14:00 ч, а одјавувањето до 12:00 ч, локално време

Туристичка такса за престој се плаќа директно во хотел:
– 5* хотели: 4 € од соба од ноќевање
– 4* хотели: 3 € од соба од ноќевање
– 3* хотели: 1.50 € од соба од ноќевање
– 1 & 2* хотели: 0.50 € од соба од ноќевање

Легенда:

DBL/TWIN – двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL – еднокреветна соба, APP – апартман, Family – фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV – поглед на парк, SV – поглед на море,  tv – телевизор, fr – ладилник (фриждер), ac – клима уред, BB – ноќевање со појадок, HB – полупансион (појадок и вечера), AI – (all inclusive) се вклучено.

Havana Logo with separators
mk_MKMacedonian