Armas Prestige Hotel 5*-Alanya

 ARMAS PRESTIGE HOTEL 5*- ALANYA

Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Mahmutlar, 130 km.од аеродромот Antalya и 8km од центарот на Аланија.

Сместување
Вкупно соби 302. Стандардна соба (25m², спална соба со 1 француски кревет + 1 брачен кревет и софа, 1 купатило макс 2+2 лица, фамилијарна соба (40², 1 спална соба, 1 дневна соба со врата измеѓу , 1 купатило , макс.4лица), и 4 соби за хендикепирани лица. Сите соби се опремени со сопствено купатило со када или туш кабина, фен, посебен клима уред, директна телефонска линија, мини бар (безалхохолни пијалоци при пристигнување), сеф (со доплата), сателитска Тв со музички канали, под со плочки и балкон.

Услуга
Ultra all inclusive – шведска маса на појадок, доцен појадок, ручек, попладне торти, чај, кафе, вечера и полноќни снекови. Сите локални алхохолни и безалхохолни пијалоци и некои увезени пијалоци до 24:00, сладолед во одредени часови од денот, A’la Carte ресторан бесплатно еднаш во текот на цел престој и со претходна резервација, снек бар и безалхохолни пијалоци на плажата до 18:00 часот се вклучени во цената. Не е вклучено во цената: Premium увезените пијалоци, локалните пијалоци до 24.00, сите пијалоци во диско, свежи цедени сокови, собна послуга.

Содржини
Главен ресторан на база на шведска маса, 1 A’la Carte , барови покрај базени и на плажата. Доктор на барање, фризер, перална телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е со доплата.

Плажа
Приватна плажа – песочна и камчеста, (тунел под патот кој го поврзува хотелот со плажата), со лежалки, чадор за сонце и пешкири за плажа без доплата.

Спорт и забава
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, 3 водни лизгалки, пинг понг, fitness центар, Турската бања, сауна, одбојка на плажа. Со доплата: Водни спортови, масажа & Спа, билјард и компјутерски игри. Дневни и вечерни анимации. Мини клуб за деца 04-12 год. Детско игралиште и мини диско во вечерните часови.

Havana Logo with separators