Атина

НОВА ГОДИНА

 

AТИНА

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

Програма за патување 30.12-02.01.2023

30.12.2022 (Петок) Скопје – Атина

Состанок на групата на Дрво Декор во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

31.12.2022 (Сабота)  – Атина

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Слободно време во центарот на Атина. Сместување во хотел. Вечерта организирана посета на еден од плоштадите во Атина за Дочек на Нова Година. Враќање во хотел. Ноќевање.

01.01.2023 (Недела) – Атина – Сунион

Појадок.После појадокот се упатуваме  на факултативен на полудневен излет  со локален водич долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. После завршување на екскурзијата до Сунион, организиран превоз и слободно време во центарот на Атина. Враќање во хотел и вечерта опција за факултативна вечера во таверна.Ноќевање.

 

02.01.2023 (Понеделник) – Атина – Пелопонез-Скопје

Појадок. Факултативна посета на  Пелопонез со водич.Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…По завршување на екскурзијата се упатуваме кон Македонија.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 03.01.2023-Вторник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 179 евра ПО ЛИЦЕ /11.100мкд

ПРОМО ЦЕНА 159 eвра ПО ЛИЦЕ /9.860мкд до 15.11

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел 3*, ATHENS COAST HOTEL во областа Глифада, во Атина на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед со водич
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативна посета на Пелопонез (40 €)-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус (6 еур) и Микена (6 еур)
  • Посета Сунион со локален водич (20 еур)
  • Влезница за во Акропол со водич и слушалки (25 еур)
  • Пакет факултативи-75 еур (Пелопонез, Акропол и Сунион)
  • Факултативна вечера во таверна
  • Туристичка такса 180мкд по лице за две ноќевања (се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци

 

 

Напомена:

 

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур= 62 мкд

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 15 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 15 дена до почетокот на аранжманот.

 

За оваа програма важат Општите услови на Хавана Травел

Havana Logo with separators