Барселона

03.НОЕМВРИ 2023

 

БАРСЕЛОНА

БАРСЕЛОНА е град на најразвиената шпанска провинција Каталонија и во сè го опишува културното и историското богатство на овој регион. Во целиот свет е познат по својата уникатна архитектура, чиј творец беше еден од најголемите современи архитекти, Антонио Гауди. Барселона е модерен град со широки булевари, пространи плоштади, трговски центри, прекрасни споменици, прекрасна плажа, огромно пристаниште и многу шарени населби. Покрај тоа, ова е градот на забавата, градот на младите, градот на најголемиот фудбалски клуб во светот. Овој град на своите посетители им нуди многу активности и грст случувања…

1 ДЕН (петок – 03.11.’23) : БИТОЛА – ТИРАНА – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 08.30 часот…поаѓање за Албанија (Тирана – аеродром) во 09.00 часот. Патот води преку г.п. Охрид, Струга, Елбасан…пристигнување на аеродром Тирана околу 16.00 часот. Лет за Барселона со WIZZ Air во 18.10 часот. Авионот слетува во Барселона во 21.25 часот – локално време. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

2 ДЕН (сабота – 04.11.’23) : БАРСЕЛОНА

Појадок. По појадокот – поаѓање на панорамски разглед на градот (факултативно) со автобус и локален водич…споменикот на Колумбо, Монжуик (опсерваторија), Олимпискиот стадион, Шпанското село, Волшебните фонтани, продолжување до Plaza Espana, Gran Via, Paseo De Grazia, прошетка покрај куќите – ремек делата на Гауди – Battlo и La Pedrera како и прошетка околу велелепната Sagrada Familia (без влез). Слободно време и враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

3 ДЕН (недела – 05.11.’23) : БАРСЕЛОНА

Појадок. Слободен ден за индивидуално разгледување и шопинг. Можност за организирање на факултативна екскурзија (т.н. „Трите Паркови“) – Ciutadella, Tibidabo и Pueblo Español (Шпанско село), Ciutadella е поранешна тврдина и денес најубав парк во градот. Прошетка покрај Зоолошката градина во Барселона, Парламентот на Владата на Каталонија, романтичното езеро и централната фонтана, која е дело на каталонски архитекти, меѓу кои и Антоние Гауди. Потоа заминување до видиковецот Тибидабо, од каде можете да уживате во прекрасен поглед на Барселона. Панорамска обиколка на неоготската црква Sagrat Cor. По турнејата, патување до етнo – селото Pueblo Espanol, кое е создадено во 30-тите години на 20. век како дел од проектот кој требаше да ја покаже различноста на шпанската селска архитектура. Слободно време. Враќање во хотелот. Вечерта – можност за организирање (факултативно) на фламенко вечер – фантастично шоу на танчери и гитаристи (со пијалок). Ноќевање.

4 ДЕН (понеделник – 06.11.’23) : БАРСЕЛОНА

Појадок. Напуштање на собите до 11 часот. Слободно време за прошетка низ главната шопинг улица (пешачка зона) La Rambla, или „изгубете“ се во тесните улички и мали плоштади во безвременскиот Готски кварт… Можност за факултативна посета на една од најголемите атракции во Барцелона – Parco Guell… Во 1886 година, Еузебио Гуел му ја доверил на Гауди изградбата на неговата нова куќа, Палау Гуел на улицата Ноу де ла Рамбла во стариот кварт на градот. Подоцна, во 1895 година Гауди изградил винарија во округот Гараф во соработка со Франсеск Беренгер. Во 1898 година тој ја планирал црквата за Колонијата Гуел, дом на работниците во големата текстилна фабрика што индустријалецот ја поседувал на периферијата на Барселона. И конечно, во 1900 година, Гауди ја доби задачата да го дизајнира паркот Гуел. Гуел подобро од кој било од неговите современици го разбрал значењето на архитектурата на Гауди. Врската меѓу двајцата мажи не беше само врска на уметник и неговиот покровител, туку вистинска приказна за пријателство. Долги години семејството Гуел живееше во големата семејна куќа (сега училиште) што се наоѓаше на земјиштето каде што се наоѓаше градбата, додека Гауди живееше во една од двете куќи што беа изградени таму. За време на животот на бизнисменот, паркот веќе се сметаше за една од најголемите туристички атракции на Барселона, а големиот плоштад честопати беше пуштан за организирање каталонски настани, традиционално каталонско танцување „сардана“ и други граѓански и социјални настани. Состанок на групата во 18.30 часот. Заминување за аеродромот El Prat. Во 21.40 часот авионот на WIZZ Air полетува за Тирана. Пристигнување на аеродромот во Тирана во 00.15 часот наредниот ден. Трансфер до Македонија…пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 27.840,00 денари (449 €)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

– Трансфер (минибус или автобус) на релација Битола – Тирана (аеродром) – Битола;

– авиобилет на релација Тирана – Барселона – Тирана (WIZZ AIR);

– Аеродромски такси

– Рачен багаж (1 торба или куфер со димензии 40х30х25 см.);

– трансфер Барселона (аеродром) – хотел – Барселона (аеродром);

– 3 НП во хотел со 3* во Барселона; Сместување во 1/2 или 1/3 соби;

– ДОПЛАТА за 1/1 соба – 50 € на ден

– организација, водство и реализација на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

– Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици;

– патничкото осигурување – 200,00 ден. по лице.

– Туристичката такса – 3 € по лице на ден (се плаќа на рецепција)

ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА :

– Разглед на градот 2.ден (трансфер + локален водич) – 50 € по лице;

– Посета на трите парка – 3.ден (трансфер + локален водич+влезница за Шпанското село) – 60 € по лице;

– Посета на паркот ГУЕЛ – 30 € по лице (метро карти + влезница);

 

ВАЖНО : Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници и се организирани од локална агенција, странски партнер на т.а.ПАЛАС. Странскиот партнер ја сноси целата одговорност за спроведување на факултативните излети. Пријавување и уплати за факултативните излети – во агенција. Минимум број на патници за реализација на факултативните излети е 15.

 

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 18 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

За оваа програма важат Општи услови за патување 

Havana Logo with separators
mk_MKMacedonian