Белек

Белек е модерен туристички центар кој се повеќе станува позната дестинација поради луксузните хотели со високо ниво на услуга, песочнитѕе плажи и голф терените опкружени со густо зеленило. Лоциран е на 30км. источно од Анталија  и е препознатлив по луксузните хотели, долгите, песочни плажи, боровата шума, еукалиптусите и прекрасно уредените градини.

Летување во Белек – Турција
Прочуен е и по добрите голф терени како и Националниот голф парк. Во Белек се одржуваат многубројни светски натпревари во голф.
Белек е и единствено, природно престојувалиште за голем број на разновидни птици од кои посебно место има Бувот кој е и заштитен знак на градот.
Покрај Античките градови Парга и Аспендос, кои се наоѓаат во близина на Белек, препорачливо е да се посети и импресивниот водопад Манавгат.
Приказната за Белек не се однесува само на историјата  и културата. Тоа е приказна за префинетост, луксуз и екстраваганција, нешта со што се одликуваат големиот број на ултра модерни хотели кои се меѓу најдобрите не само во Турција туку во целиот свет.
Овде доаѓаат пришпадници на светскиот џет сет да уживаат во Ultra All Inclusive концептот, во партии голф или пак во врвни масажи.
Повеќето хотели претставуваат цел еден свет за себе. Еден од познатите хотели во Белек, во внатрешноста на самиот комплекс  сместил копии на познати улици, плоштади и паркови од најубавите градови во светот. Можете да се напиете кафе на Елисејските полиња, со симулација на дожд и грмотевици и сл. Надвор се сместени содржини како џид за искачување, скејтерска рампа, трамполина, аквапарк, спортски терени, кона и театри на отворено….
Врв на се е тематскиот парк кој ја симболизира старогрчката Троја. За децата во повеќето хотели се организира дневен престој и различни, забавни игри како и делфинариум со аниматори.

SENSITIVE PREMIUM RESORT 5*

sensitive prem 14

SIAM ELEGANCE HOTELS & SPA 5*

siam 17
Havana Logo with separators