Берово

Берово е градот со најголема концентрација на кислород

Берово е град во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските Планини на површина од 595 км. Во негова близина се наоѓа и Беровско Езеро. Берово се наоѓа 161 км од Скопје, 47 км од Струмица и 52 км од Кочани, на надморска височина од околу 800-900 метри. Со регионални патишта непречено комуницира со Кочани, Пехчево и Делчево и со Струмица. Преку нив понатаму одржува комуникации со останатите делови од земјата.

Во крајниот источен дел на Македонија, во Малешевијата, природата насликала идилична слика што мора да се погледне и да се доживее. Питомите и кротки  пејзажи на Малешевските Планини се еднакво прекрасни во сите годишни времиња, без разлика дали ќе ги посетите кога се обелени од снег или кога во пролетниот воздух се разнесува мирисот на планински чај.

 

Бисер на Малешевските Планини е Беровското Езеро. Ова вештачко езеро се простира покрај извишени борови стебла. Сместено е до селото Ратево, на 6 километри од градот Берово, на надморска височина од 1000 метри.Околината на езерото изобилува со прекрасни терени за излет, рекреација и спорт. Во мај може да ги сведочите расцутените борови, а во јули и август да се искапете во езерските води. Постојат пет пешачки патеки, на некои од нив може да се упатите со велосипед. Постои и трансверзална патека која го спојува најјужниот и најсеверенниот дел на Малешевијата, со должина од 45 километри и висинска разлика од 730 метри – таа претставува предизвик и за најголемите ентузијасти.

АУРОРА РЕСОРТ & СПА 5*

AURORA 7

ХОТЕЛ МАНАСТРИР 4*

MANASTIR 3
Havana Logo with separators