Bone Club SVS 4*- Alanya

 BONE CLUB SVS 4*- ALANYA

Положба
Хотелот е лоциран во областа Mahmutlar, на 13км од центарот на Аланија, и на 140 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупниот број на собите е 253.
Стандардни соби (17- 24m²), една спална соба, едно купатило, максимум 2+2 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш или када, фен, клима систем, телефон, мини бар (празен), сеф (екстра се наплаќа), сателитска телевизија и музички канали, ќерамички плочки на подот, балкон.

Услуга
Сѐ вклучено – од 10.00 до 24.00ч шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, колачи, чај и кафе во попладневните часови, полноќна закуска. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00ч. Дополнително се наплаќа: Увозни пијалоци, храна и пијалоци после 23.00ч, сите пијалоци во диско барот и во Витамин барот, свежо цедени сокови, сладолед, собна услуга, Турско кафе, коктели.

Содржини
Главен ресторан за сервис шведска маса, барови покрај базенот, лоби бар. Доктор, фризер, сервис за перење, телефон, факс, интернет кафѐ и компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет конекција се наплаќа.

Плажа
Хотелска плажа, песочна и со камчиња, (достапен е тунел под патот), лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат.

Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, водена лизгалица, пинг понг, фитнес, одбојка на плажа, Турска бања. Водени спортови, сауна, масажа дополнително се наплаќаат. Мини клуб за деца од 4 до 12 години, детско игралиште.

 

www.boneclubhotelsvs.com

Havana Logo with separators