Будимпешта

НОВА ГОДИНА

 

БУДИМПЕШТА 

Будимпешта– град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.

Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.

Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.

Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО :

Автобуска програма (29.12 – 02.01.2023

 

29.12.2022 (Четврток) Скопје – Будимпешта

Состанок на групата на Дрво Декор во  16.00час. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија.  Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

 

30.12.2022 (Петок) Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта. Оставање на куферите во хотел. Факултативен разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот враќање во хотел.

Слободно време за одмор. Вечерта факултативно крстарење и  вечера во национален ресторан Чарда.

Ноќевање. 

 

31.12.2022 (Сабота) Будимпешта -Сент Андреа

Појадокот. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Попатна посета на базиликата Естергом посветена на Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт. Враќање во Будимпешта.

Вечерта Дочек на Новата 2023 Година на некој од плоштадите во Будимпешта.

Ноќевање.

01.01.2023 (Недела) Будимпешта-Скопје

Појадок. Одјавување од хотел.

Слободно време за прошетка во центарот на Будимпешта. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи. Ноќно возење.

 

02.01.2023 (Понеделник) Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 199 евра ПО ЛИЦЕ /12.340мкд

ПРОМО ЦЕНА 169 евра / 10.480мкд

за уплата до 15.11.2022

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Посета на трговскиот центар Арена
  • Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативен разглед на градот со локален водич (10 еур)
  • Факултативно крстарење по Дунав и посета на Божиќен пазар ( 20 еур)
  • Факултативна посета на Сент Андреа и Естергон (25 еур)
  • Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Havana Logo with separators