Будва

23 .ОКТОМВРИ 2023

 

БУДВА

Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.

20.10.2023 (Петок) Скопје-Будва

Состанок на групата во 22:00 часот и заминување за Црна Гора во 22:30 часот. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација на арнжманот.

 

 

21.10.2023 (Сабота) Будва

Пристигнување во Будва во утринските часови, разглед на градот. Сместување. Слободно време за одмор. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности.

Ноќевање.

 

 

22.10.2023 (Недела) Будва -Дубровник

Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море… Слободно време, враќање кон Будва. Посета на некој паб или клуб во Будва. За влез во Хрватска потребен е пасош.

Ноќевање.

23.10.2023 (Понеделник) Будва -Котор-Тиват-Скопје

Напуштање на хотелот.  По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности во Тиват, разглед на католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот Тиват), плоштадот „Култура“, црквата Св.Сава. Прошетката продолжува низ Котор каде може да се посетат: поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола… Крстарење со брод по заливот Бока Которска можност да се посетат црквата ,,Богородица на Скпрела,, и градот Пераст заштитен од (UNESCO). Поаѓање за Скопје во попладневните часови.
Патниците кои нема да одат на овој факултативен излет имат слободно веме. Во договорено место и време се собират од Будва и поаѓање кој Македонија.
Пристигнување во Скопје после полноќ-24.10 Вторник

Промо цена 89евра / 5.520мкд за резервации до 30.09.2023

Редовна цена на аранжманот 109евра / 6.760мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Автобуски превоз на релација Скопје- Букурешт – Скопје
  • 2 Ноќевања со појадок во хотел Elizeu 3*   http://www.hotelelizeu.ro/
  • Разглед на градот Букурешт со водич
  • Пратител и организација на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативен излет „Трансилванија“ : Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница, посета местото Бран со истоимениот замок на Дракула (влезница за Бран не е вклучена во цената. Истата изнесува 40леи за возрасни, 25леи за студенти) и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 45€ – студенти 35€
  • факултативна вечерна прошетка до центарот на Букурешт (5 евра)
  • Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (40 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
  • Патничко осигурување – 200 мкд.

 

 

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

За оваа програма важат Општи услови за патување 

Havana Logo with separators
mk_MKMacedonian