ХАВАНА ТРАВЕЛ ПРОСРЕДУВА ВИЗИ ЗА АВСТРАЛИЈА
ПРЕКУ НАШИОТ ПАРТНЕР ВО МЕЛБУРН
AUSSIE MIGRATION SERVICES
Aussie Migration Services е агенција за имиграција која ги застапува клиентите што сакаат да аплицираат за Австралиска Виза. Ние сме регистрирани миграциони агенти и имаме многу клиенти кои успешно се преселиле во Австралија. Процесот за Австралиска Виза е многу сложен и некогаш многу збунувачки. Ние сме експерти и имаме знаење во сите аспекти на Законите и Регулациите за Миграција. Цените на Aussie Migration Services се многу споредливи и секако нудиме дополнителни услуги како помагање при наоѓање работа, сместување и слично. Откако ќе ја почнеме соработката, ќе Ви помогнеме во целиот процес, со документацијата и поднесување на апликацијата.
Доколку сакате да посетите роднини, пријатели или да ја истражите Австралија како турист, ние можеме да Ви помогнеме со подготвување на потребните документи.
Има неколку иселенички визи за Австралија. Почнувајки од фамилијарни визи, како партнер и родителски визи до иселенички визи базирани на вашето работно искуство и професија.
AUSSIE MIGRATION SERVICES има 100% успешност со партнер визи. Ако сте во вистинска (реална) романтична врска со државјанин на Австралија, или Постојан Граѓанин на истата, може да се квалифицувате за Вереничка Виза или Партнер Виза.
Новата Родителска Виза 870 им дозволува на Австралиските државјани и Постојани Граѓани да ги спонзорираат нивните родители до 5 години престој во Австралија. Ова е многу економичен начин да ги имате Вашите Родители до Вас на повеќе од 3 месеци за едно патување и постојано излегување од државата за обновување на визата.
Како професионалец во полето во кое работите, можно е да се квалификувате за Работна Виза. Во зависност од Вашето работно искуство, занимање и степен на познавање на Англискиот јазик, можна е апликација за Привремена Работна Виза која води кон добивање на Виза за Постојани Граѓани на австралија. Сите работни визи зависат од спонзорирање, а спонзор може да биде работодавач или државата.