Париз

08.02.2025 -11.02.2025

489€

Париз

во месецот на виното и љубовта

08.02.2025 – 11.02.2025 | 3 ноќевања | Лет од Скопје
Авионска програма ✈

 

Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната… Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер… Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија… А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам… Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж…

 

Авионски лет: WizzAir (Скопје – Париз Beauvais – Скопје)
Поаѓање: 08.02.2025 во 13:10ч. (Скопје)
Пристигнување: 08.02.2025 во 16:20ч (Париз)
Услуга/Сместување 3 ноќевања со појадок – 3 BB / хотел 3*
Друго вклучено: Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македонија
Враќање во Скопје: 11.02.2025 во 19:35ч. (Скопје)

 

1 Ден 08.02.2025 Скопје – Париз
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 11:10 часот. Полетување за Париз во 13:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air, W6 4719. Слетување во Париз на аеродромот Beauvais во 16:20 часот.  Организиран трансфер до хотелот со попатен панорамски разглед на градот: Елисејските полиња, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, црквата Мадлена, операта Гарние, плоштадот Вандом, музејот Лувр, островот Сите, латински кварт, Богородичната црква, Сорбона, Луксембуршки парк, Дом на Инвалидите, Трокадеро, Ајфелова кула. Сместување и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 Ден 09.02.2025 Париз (Версај)
Појадок. По појадокот факултативна посета на дворецот Версај изграден од францускиот крал Луј XIV, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, салата со огледалата и прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј ХIV, со многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило (напомена: разгледот не вклучува посета на градините и фонтаните со музика). По завршување на посетата на Версај следи слободно време за прошетка и индивидуални актвности. Препорачуваме посета и можност за ручек во Латински кварт (каде има многу ресторани кои нудат дневно мени за по 15-20 евра по лице со специјалитети од француската кујна, има и продавници за сирења и кашкавали, винотеки итн), посета на Катедралата Нотрдам, прошетка во областа Сан Мишел, попатна посета на Универзитетот Сорбона, Пантеонот (каде се погребани видни и значајни личности од француската култура, историја, наука како Жан Жак Русо, Марија и Пјер Кири, Волтер и други…). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

3 Ден 10.02.2025 Париз (Лувр)
Појадок. Слободно време. Предлагаме факултативна посета (со воз/метро) на музејот Лувр, еден од
најбогатите светски музеи, резиденција на француските кралеви повеќе од 700 год, се до нивното
преселување во дворецот Версај. Дворецот поседува колекција од над 65.000 уметнички дела, меѓу кои и најпознатото дело на Леонардо Да Винчи, познатата Мона Лиза, античката скулптура на Венера и многу други. Препорачуваме посета на операта Гарние и познатата галерија Lafayette. Пред стемнување факултативна можност за посета на Ајфелова кула, превоз со метро. По завршување на посетата на Ајфеловата кула можност за крстарење по Сена. Враќање во хотел (со метро/воз). Ноќевање.

4 Ден 11.02.2025 Париз – Скопје
Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 16:50 часот, слетување во Скопје во 19:35 часот.

 

Цена по лице во двокреветна соба 549€ / 34.040 мкд
Early Booking цена по лице за резервации 30.Декември 489€ / 30.320 мкд
Попуст за дете до 11,99год (расположливост на дополнителен лежај – на барање)! -75€ / -4650 мкд
Доплата за еднокреветна соба 150€ / 9.300 мкд
*** Сместување на 3то возрасно лице во соба не е возможно.

 

Вo цената е вклученo:
 Авиo билет на релација Скoпје – Париз Beauvais – Скoпје сo Wizz Air
 Аерoдрoмски такси
 3 нoќевања со појадок во хотел 3*
 Рачен багаж со (димензии 40x30x20 cm) маx до 10 кг.
 Организиран трансфер со автобус од аеродром до хотел и обратно
 Разглед на Париз со автобус и локален водич
 Организација на патувањето
 Придружник за целиот престој во Париз

Во цената НЕ е вклучено:
 Патничко здравствено осигурување.
 Дополнителни оброци и пијалоци.
 Туристичка такса околу 5,2€ по лице на ден (се плаќа во хотел).
 Доплата за багаж (цените се променливи, информации во агенција):
– Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.)
– Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.).
– WIZZ Priority + 1 small bag
 Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на
рецепција).
 Билет за јавен превоз со метро и автобус во Париз (“carnet”)
 Факултативни посети, излети и влезници

Факултативни излети и посети:
 Влезница за Ајфелова Кула ( влезница до 2-кат 23 € / до врвот 33 € – се купуваат на лице место, цените се од информативен карактер)
 Посета на Лувр – 70 € влезница + водич.
 Посета на Версај – 95 € влезница + водич, (се патува со автобус од хотел) не е вклучена влезница за
парковите и се плаќа на лице место, доколку има можност!
 Крстарење по Сена – 23 €
*** цените за факултативните излети се изразени пo лице ***
*** За реализација на факултативите пoтребни се најмалку 15 патници ***

ЗАБЕЛЕШКИ:
 За реализација на аранжманoт, пoтребен е минимален брoј oд 20 патници. Вo случај на пoмал брoј
пријавени патници, oрганизатoрoт гo задржува правoтo да гo oткаже аранжманoт или да ја кoрегира /
згoлеми цената на истиoт.
 Минимален брoј за реализација на факултативите пo дадените цени вo прoграмата е 15 патници, вo
спрптивнo цената мoже да биде сooдветнo кoрегирана.
 За резервација задoлжителна уплата на аванс oд 40% oд вкупниoт изнoс. За уплати на “early booking”
пoтребна е уплата 50% oд вкупната сума на аранжманoт. Целoсна дoплата на аранжманот е 14 дена пред поаѓање.
 При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
 Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
 Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
 Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот
(авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ХАВАНА ТРАВЕЛ 

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација