Будимпешта

13.02.2025 - 17.02.2025

149€

Будимпешта – 2 ноќевања

(Виена – Сент Андреа)

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

 

Термин 13.02.2025

 

1 ден  13.02.2025 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА

Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

 

 2 ден   14.02.2025 БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина…  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. По разгледот, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Сместување во хотел…  Ноќевање.

 

3 ден    15.02.2025 БУДИМПЕШТА –ПАНДОРФ – ВИЕНА

Појадок. Препорачуваме  посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта.  Ноќевање

 

 4 ден   16.02.2025 БУДИМПЕШТА  – СЕНТ АНДРЕА

Појадок. По појадокот факултативно заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

5 ден  17.02.2025  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 20.01.2025: 149 евра / 9.240 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169 евра/ 10.480 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  250 денар
  • Разглед на Будимпешта со локален водич 20€
  • Крстарење по Дунав  20€
  • Посета на Сент Андреа  30€
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 50€
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за еднокреветна соба  3.100 денари

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање 

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ХАВАНА ТРАВЕЛ 

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација