Со уплата на овој аранжман сте потенцијален добитник на
ГРАТИС ПАТУВАЊЕ ЗА ДУБАИ
(Загреб – Пула – Ровињ – Трст – Крк – Риека)
Термин : 05 – 09 Март 2025
05.03.2025 (СРЕДА) СКОПЈЕ-ЗАГРЕБ
Состанок на група кај хотел Русија-Скопје околу 19:00ч. Имаме организиран превоз од Кочани, Штип,Велес, Скопје и Куманово. Ноќно возење со попатни паузи, граници и царински формалности.
06.03.2025 (ЧЕТВРТОК) ЗАГРЕБ-РИЕКА
Денот ни започнува во главниот град на Хрватска, Загреб). Загреб првично постоел како два различни града, Каптол кој бил населен главно со свештенство, а во кој се наоѓа Загребската катедрала и Градец населен главно со земјоделци и трговци кои во 1851 година биле обединети. Градот е доста привлечна туристичка дестинација и бројот од година на година се повеќе се зголемува. Разлгед на градот со локален водич. Слободно време за кафе или индивидуална прошетка. Сместување во хотел со 3* во Риека. Ноќевање.
07.03.2025 (ПЕТОК) РИЕКА-РОВИЊ-ПУЛА-РИЕКА
Појадок во хотел. Денот ни започнува со посета на, Ровињ кој е неверојатен крајбрежен, романтичен и историски град во Хрватска, град лоциран на мал полуостров. Градот е омилен на туристите бидејќи станува збор за живописен стар град кои калдрмните улички биле изградени во средновековен стил, шарените куќи и градските плоштади создават амбиент што го одзема здивот. Една од најпрепознатливите знаменитости е црквата односно базиликата Св.Ефимија која била градена над остатоците од ранохристијанските градви во период од 1725-1736 год. Плоштадот Маршал Тито е главниот плоштад во Ровињ на која се наоѓа градската саат-кула, градската фонтана и најстарите кафулиња во градот. Во Ровињ е предвиден разглед на градот со локален водич за подобро запознавање на градот. По разгледот слободно време и заминување на излет до Пула, најголемиот град во Истра. Главниот и најпрепознатливиот симбол на градот е римсиот амфитеатар познат како ,,АRENA PULA’’ кој е најдобро сочуванит пример на римскиот амфитеатар, арена каде се одржувале гладијаторски битки, борби со животни итн. Се поминува покрај градските ѕидини, триумфалната капија и форумот кое е централното место за состаноци и главен плоштад во градот. По разглед на градот, групата има слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Пула. Враќање во хотел. Ноќевање.
08.03.2025 (САБОТА) РИЕКА-ТРСТ-ПИРАН-РИЕКА
Појадок во хотел. Денот ни започнува во Италија (Трст). Tрст може нема да има толку многу за шетање како Рим, да биде испреплетено како Венеција или да ја има хранливата сцена на Болоња, но ако сакате да доживеете дел од Италија без гужва, Трст е одличен избор. Главниот (плоштад Piazza Unità d’Italia) е опкружен со прекрасни згради во виенски стил и од овој плоштад има поглед кон морето па да испиете еден аперол би бил одличен избор. Трст е уникатен град и по својата географска локација на границата меѓу различните народи во затворен простор затворен помеѓу карстното плато и Јадранското Море, и по историските настани кои го интересирале и влијаеле низ годините од културен и архитектонски аспект. По неодамнешните работи на реновирање и реставрација, историскиот центар на Трст повторно ја доби елеганцијата и сјајот на своето минато, од наодите на римските урнатини до прекрасните палати кои датираат од австроунгарскиот период. Да се биде во Италија се разбира дека има многу историја а неопходен е да се види Римскиот театар во (Teatro Romano) кој е недалеку од главниот плоштад. Во Трст е предвиден разглед на градот со локален водич. По разгледот слободно време за индивидуални активности и заминување кон Пиран . Пиран е најубавиот град на словенечкото крајбрежје. Стариот пристанишен град со остатоци од средновековен ѕид е заштитен како културно-историски споменик. Тесните улички со тесно изградени куќи кои се спуштаат од ридот и неговата црква до централниот плоштад на брегот само го нагласуваат неговиот медитерански карактер. Овој светски крајбрежен град, кој се разви под влијание на Венеција и се смета за еден од најавтентичните и најфотогеничните градови на јадранскиот брег. Пиран не смеете да го одложите на оваа екскурзија. Разглед на градот со локален водич. Слободно време за индивидуални активности. Заминување кон хотел. Ноќевање.
09.03.2025 (НЕДЕЛА) РИEKA-ГРАДОТ КРК-СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Одјава од хотел и заминување кон градот Крк. Историскиот стар град Крк е вистински лавиринт од камени улички и живописни плоштади што датираат од среден век. Центарот на Стариот град е опкружен со добро си Градски ѕидини а некои делови од ѕидот се стари речиси две илјади години. Романтичното шеталиште со пристаништето е исто така навистина шармантно, каде најдобро можете да уживате во живата гужва и врева во едно од прекрасните кафулиња и ресторани. Катедралата во Крк со својата прекрасна кула со ‘’кромид’’ се смета за едно од знаменитостите на градот Крк. Катедралата е изградена уште во 5 век, а веднаш до неа се наоѓа црквата Свети Квирин од 12 век. Крк е прекрасно место за пијалок и место за гледање луѓе, без разлика дали тоа е од кафулињата покрај пристаништето или еден од баровите. Слободно време за прошетка. Заминување кон хотел. Ноќевање
Заминување кон Македонија. Пристигнување во утринските часови во Македонија.
ПРОМО ЦЕНА : 229€/ 14.200 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 259€/ 16.060 денари
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз *Превоз од: Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово
- 3 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Риека
- Посета на Загреб и разглед на градот со локален водич
- Туристички придружник
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Посета на Ровињ и Пула и разглед на градовите со локален водич- 65€ од лице
- Посета на Трст и Пиран и разглед на градовите со локален водич- 45€
- Посета на градот Крк на островот Крк- 25€ од лице
- International пакет (посета на Пула, Ровињ, Ријека, Трст и Пиран) 115€ од лице- (20€ заштеда)- сите факултативи
- Туристичка такса од лице 9€ за 3 ноќевања (задолжително се плаќа во автобус)
- Влезници за музеи, локалитети и патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
- За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање,во случај на недоволен бој на патници.
- Пасошот треба да биде со важност мин. 3 месеци од денот на враќањето.
- Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
- Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
- За ова патување важат општите услови на Импала Травел.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ХАВАНА ТРАВЕЛ