Со уплата на овој аранжман сте потенцијален добитник на
ГРАТИС ПАТУВАЊЕ ЗА ДУБАИ
Краков е град во јужниот дел на Полска. Се наоѓа над реката ‘’Вистула’’. Во минатото била престолнина на Полска. Денеска во него живеат околу 750 000 жители. Површината на градот е 326,8км. Краков е административен, образовен, индустриски и туристички центар во регионот. Краков е еден од најважните културни центри на Полска, а го сметаат и за културна престолнина на државата. Во Краков се наоѓаат многу културни институции кои се од посебно значење за цела Полска.
Град со посебна атмосфера и извонредно топли и гостопримливи луѓе, град за истражување и прошетка во минатото. Испреплетеноста на минатото со сегашноста го прави Краков по се единствен и никогаш ист.
Токму за денот на жената, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство.
ПРВ ДЕН 06.03.2025 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ – КРАКОВ
Состанок на групата на паркингот пред хотел Русија во претпладневните часови. Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни кратки паузи и царински формалности.
ВТОР ДЕН 07.03.2025 (ПЕТОК) КРАКОВ
Пристигнување во Краков во претпладневните часови. Се упатуваме на запознавање на градот со придружба на водич (Ридот Вавел со кралскиот дворец и катедралата, стариот град Ринексо камбаната – еден од најголемите во Европа, црква Св. Марија позната по својот олтар и по огласувањето на трубите на секој час, Флориантската улица од 14-15 век која завршува со Флориантската капија). Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 08.03.2025 (САБОТА) КРАКОВ – ВЕЛИЧКА
Појадок.Факултативен излет на Величка, познатиот рудник за сол, еден од најстарите во светот, кој од 1978 година е на листата на УНЕСКО. Разгледот трае околу 90 минути низ ходниците долги околу 2км, на длабочина од стотина метри под земја. Можност за факултативна вечера. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН 09.03.2025 (НЕДЕЛА) КРАКОВ – ЕВРЕЈСКИ КВАРТ- КАТОВИЦЕ
Појадок. По појадокот факултативен излет на Еврејскиот кварт, во придружба со локален водич, а по завршувањето на овој излет продолжуваме на факултативна посета на градот Катовице. Слободно време за индивидуални активности, враќање во хотел. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН 10.03.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) КРАКОВ – АУШВИЦ- СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. По појадокот факултативен излет до Аушвиц-Беркенау, озлогласениот нацистички концентрационен логор кој е претворен во спомен музеј. Од 1979 год. е под заштита на УНЕСКО. Овде се посетува главната порта и дрвените бараки во кои биле затварани и сместувани Евреите.
Во попладневните часови заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 11.03.2025.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 евра по лице/ 12.960мкд
ПРОМО ЦЕНА: 179 евра по лице / 11.100мкд
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
• Автобуски превоз на наведената релација.
• Сместување во хотел 3*** на база 3 ноќевања со појадок.
• Разглед на Краков со водич.
• Пратител на групата за време траење на аранжманот.
• Организација на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
• Факултативен излет Auschwitz-Birkenau 50 евра
• Факултативен излет Wieliczka 55 евра
• Факултативна посета на Еврејски кварт и Катовице- 30 евра
• Пакет на сите факултативи 120 евра
• Туристичка такса 2 евра за ноќевање по лице
• Задолжително патничко и здравствено осигурување
• Индивидуални трошоци
НАПОМЕНА:
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
• Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
• Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
• Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
• Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
• Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
• Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ХАВАНА ТРАВЕЛ