Euphoria Tekirova Hotel 5*- Kemer

EUPHORIA TEKIROVA HOTEL  5*- KEMER

Положба
Хотелот е лоциран во областа Текирова, 18км од Кемер и 70км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 519, во главна зграда и клубски соби. Хотелски стандардни соби (во главна зграда, 24-26м², макс.3+1 лица)-една спална и едно купатило. Garden Клубски соби (во градина, 35-37м², макс.3+2 лица)-една спална и едно купатило, Делукс клубски соби (во градина, 28-30м², макс.3+1 лица)-една спална и едно купатило, Делукс клубски Јуниор соби (во градина, 45м², макс.3+1 лица)-една спална со француски кревет, една дневна со софа и едно купатило, Делукс клубски фамилијарни соби (55-60м², макс.5+1 лица)- една дневна соба со софа, две спални, во едната спална француски кревет, во другата два еднокреветни кревети и едно купатило, Garden Клуб суити (во градина, 55-57м², макс.3+1 лица)-една спална со француски кревет, една дневна со софа, едно или две купатила, голема тераса. Сите соби се со балкон или тераса, со поглед на градина (освен некои хотелски соби), купатило со када, туш, фен, централна клима телефон, тепих на подот во хотелските соби, ламинат на подот или под со тепих, мини бар (сокови и вода на пристигнување, подоцна се дополнува секој ден само со вода), сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали. Executive соби, Executive Jacuzzi Вила и Execitive Family Вила, ексклузивно уредени соби во делот од градината. Претседателски суит е во главна зграда.

Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, полночна закуска, сладолед во одредени часови во денот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, три A’la Carte ресторани (Olive, Lale и Fuego) со претходна резервација и само еднаш за време на престојот. Дополнително се наплаќаат-специјални увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, A’la Carte ресторани (Anchor и French со предходна резервација), специјални вина, свежо цедени сокови, наргиле, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан Piadolia со шведска маса, Bacchus Bar, бар покрај базен, А’la Carte ресторани Olive Restaurant (Италијанска кујна), Lale (Турска кујна), Anchor (рибен), Dragon (Азиска кујна), Fuego (Мексиканска кујна), French restaurant (Француска кујна, само за возрасни), BBQ, бар и снек бар покрај базен и на плажа, лоби бар, Диско бар. Доктор, продавници, фризер, перална и хемиско чистење, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, rent a car, дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет во лоби и во рестораните е бесплатен.

Плажа
Хотелска приварна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. Приватни павиљони со резервација и се наплаќаат.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, три лизгалици на вода, фитнес, сауна, Турска бања, тениски игралишта, кошарка, мини фудбал. Програма за здрава исхрана, преглед, анализи и разговор со нутриционист. Спортови на вода, масажа, салон за убавина, билијард, школо за нуркање, дополнително се наплаќаат. Забавни програми, натпревари, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-12 год. Хотелот е реновиран 2010/2011 год.

www.euphoriahotels.com

Havana Logo with separators