Хотел Aqualina 4*- Охрид

ХОТЕЛ AQUALINA 4*- ОХРИД

Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум. Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна.

 

Во својот сместувачки капацитет располага со вкупно 84 соби од кои, 1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај, 7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби, 6 трокреветни соби. Некои од собите имаат балкон. Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ, кабловска телевизија, телефон, WI-FI, купатило, фрижидер, услуга во соба.  Исто така располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите.

Располага со сопствен ресторан со околу 220 седишта погоден за фамилијарни веселби, крштевки, родендени и свадби. Во рамки на хотелот работи и летна тераса која Ви овозможува прекрасен поглед кон езерските бистри води. Врвните специјалитети на кујната ќе ви овозможат еден пријатен и незаборавен одмор.

 

Хотелот располага со повеке сали и простории за одржување на конгреси, симпозиуми, семинари и бизнис средби. Капацитеот на салите е од 30 до 150 седишта, целосно опремени за непречено одржување на вашите настани. Располага со 2 спортски терени комбиниран за мал фудбал, кошарка, ракомет, тенис, одбојка, 1 терен за голем фудбал. Терените ги задоволуваат потребите за одржување на секакви спортски приредби, а особено идеални за припреми на спортски екипи.

 

Термин : 01.04-10.06.2021

Цена по лице : 26 еур

Термин : 11.06-31.08.2021

Цена по лице : 28 еур

Термин : 01.09-15.10.2021

Цена по лице : 26 еур

 

Цените се дадени по лице на база ноќевање со појадок

Доплата за вечера : 8 еур по лице за возрасни / 5 еур за деца 0-11,99 години

Доплата за соба со поглед езеро :  3 еур

Доплата за еднокреветна соба : +50 %

Доплата за соба со сауна или џакузи : 10 еур

Прво дете до 5,99 години : бесплатно  (заедно со 2ца возрасни)

Второ дете до 5,99 години : 50% попуст (на дополнително легло)

Деца од 6-11,99 години : попуст 30%

 

 

 

  • Цените се дадени по лице на ден со вклучен ДДВ 5 % и туристичка такса
  • Бесплатно користење на базе, лежалки на базен, интернет, паркинг, спортски терени (со закажување)
  • Лежалки за на плажа – 100 мкд на ден

 

Легенда:
DBL/TWIN – двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL – еднокреветна соба, APP – апартман, Family – фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV – поглед на парк, SV – поглед на море,  tv – телевизор, fr – ладилник (фриждер), ac – клима уред, BB – ноќевање со појадок, HB – полупансион (појадок и вечера), AI – (all inclusive) се вклучено.

*Цените се изразени во евра, плаќањето е во денари по курс  1 евро=62 денари

Havana Logo with separators