Хотел Diamont City 3*- Кумбургаз

DIAMONT CITY 3* KUMBURGAZ

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти.

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујугчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!

DIAMOND CITY HOTELS & RESORTS KUMBURGAZ – ISTANBUL

 

Хотели и одморалишта на Дијамант Сити е одличен избор за сместување во Кумбургаз. Овој модерен хотел, чија историја започна во 1990 година, има 90 соби. Овој имот со 3* ѕвезди нуди 24-часовна услуга и комфорт.

Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има бесплатен wi-fi, фен, и пешкири.

ПОПУСТОТ ВАЖИ ДО 20.03.2021

 

diamont

Во цената е вклучено

  • Седум ноќевања во хотел Diamond city Hotel 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз со високотуристички автобус
  • Бесплатни лежалки

Во цената не е вклучено

  • Патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Пакет вип од 65е
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Факултативни излети.
  • Доплата за сингл соба е 50% од цената на аранжманот.

 

Факултативни излети

ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Женска кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад) – 65 еур

ПРВ ДЕН

Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел во 00:00 часот.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните  денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата.Сместувањето е во хотел Diamond City  кој има своја приватна плажа.

Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз .Ноќевање.


ВТОР ДО СЕДМИ ДЕН

Секој ден започнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Кумбургаз.

Во Истанбул се посетува следното:

По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

09:30–КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

11:00- МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).

По крстарењето,групата се упатува кон Женската Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

13:30- УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

16:30- EMAAR SQUERE MALL

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.


ОСМИ ДЕН

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до 14:00ч. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до 14:00ч. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Важно

  • Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани од 2020-та година.
  • За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 70% дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од редовната цена на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • За ова патување важат општите услови за патување на Хавана Травел
Havana Logo with separators