Хотел Конак – Попова Шапка

ХОТЕЛ КОНАК – ПОПОВА ШАПКА

„Конак“ – Попова Шапка е модерен планински објект со традиционален изглед. Сместен на Шар Планина, во скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 мнв. Поволната географска положба, релативно блиску до Тетово (18 километри) и 55 километри од Скопје, главниот град на Република Македонија, го прави достапен да го посетат голем број туристи и во летната и во зимската скијачка сезона. Особено задоволство ќе Ви пружи ентериерот на објектот, комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред објектот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број сончеви денови кои се главна одлика на скијачкиот центар Попова Шапка.

Располага со : 16 соби, ски кафе, конференциска сала, ресторан, сауна, бесплатен wifi и ТВ, СКИ и СНОУБОРД школо, транфер до аеродром, РАТРАК и МОТОРНИ САНКИ.

Цени валидни од 01.10.2020-31.03.2021

Период на престојЦена за 1 НП
Октомври 2020750 ден.
Ноември 2020800 ден.
Декември 20201.200 ден
Јануари 20211.300 ден.
Февруари 20211.200 ден.
Март 20211.200 ден.

 

 

 

 

Дадените цени се по лице за 1 ноќевање и вклучуваат :

  • Појадок
  • Користење на сауна
  • Интернет
  • Паркинг

 

Деца до 5.99 год. со 2 возрасни – бесплатно

Деца од 6-11.99 год. со 2 возрасни – 50% попуст

 

Доплата за туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција)

Havana Logo with separators