Kemal Bay Hotel 5*- Alanya

 KEMAL BAY HOTEL 5*- ALANYA

Положба
Хотелот е лоциран во регионот Конакли, 8км до Аланија и 112 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно број на соби 324 во Главната зграда и анекс зградите. Стандардни соби (32m², 1 спална соба, 1 купатило, макс.2+2лица),Економски соби се наоќаат во анекс зградите иста големина како и стандардните соби. Сите соби се опремени со сопствено купатило со туш кабина, фен,посебен клима уред, директна телефонска линија, мини бар, сетови за чај и каф, сеф (со доплата), сателитска ТВ со музички канали, под од ламинат и балкон.

Услуга
All inclusive – шведска маса за појадок, ручек, попладневни снекови, вечера, доцни снекови. Локални алхохолни и безалхохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 час. Се доплаќа: увезени пијалоци, сите флаширани пијалоци, посебни вина, сите коктели, собна послуга, свежи цедени сокови, Турско кафе, A’la Carte ресторан.

Содржини
: Главен ресторан на база шведска маса, A’la Carte ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, фризер, продавници, телефон и факс, интернет катче, рент а кар, чување на деца, перална се доплаќаат. WI- FI интернет (ограничен) е бесплатен во Лобито на хотелот.

Плажа
Хотелот располага со приватна плажа, со камчиња и песочна, со лежалки и чадори, пешкири за плажа бесплатно. Доколку сакате да го замените пешкирот тогаш се доплаќа.

Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, 2 водни лизгалки, фитнес центар, одбојка на плажа, пинг понг. Турска бања, сауна, спортови на вода, SPA & Beauty центри, масажи, билјард и компјутерски игри се со доплата. Дневни анимации, натпревари покрај базените, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца 04-12 год.

www.atligroup.com

Havana Logo with separators