Куба 11.01 / 7 ноќи

КУБА – ХАВАНА И ВАРАДЕРО

АВИОНСКА  ПРОГРАМА СО 7 НОЌИ / 10 ДЕНА 

(11.01 – 20.01.2021)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:     1350

 

Одиме на авантура во Куба (Cuba) од Скопје! Необичен остров каде комунизмот сеуште живее, каде Фидел Кастро вовел систем кој тешко се менува и покрај зголемената отвореност кон светот во последно време! Разгледување на старата Хавана, возење со бротче до тврдината и церемонијата на пукање со топови, резиденциите и колонијалните куќи, прошетка низ Хавана и квартовите во кои нема туристички атракции каде живеат Кубанци и во кои владее неверојатна атмосфера… Ќе одиме во мали салса кафулиња, отворени кафичи во кои влегуваат улични музичари и бендови и свират додека публика ги бодри со насмевки, аплаузи или песози. Нé очекува возење со стари автомобили од ’70тите, ветар во коса и звуците на салса! Ќе уживаме во тропските плажи и кокосово млеко во Варадеро, ќе учиме како се прави тутун во Вињалес и ќе дознаеме нешто повеќе за животот на Ернест Хемингвеј во прошетката низ неговата родна куќа. Ќе јадеме морски плодови, печени банани и останати специјалитети во “casas particulares” каде љубезните домаќини ќе ни кажуваат приказни за Куба и ќе не учат шпански!

Ден 1 : Состанок на групата и поаѓање

Состанок на Меѓународниот аеродром во Скопје, два часа пред летот. Лет до Хавана со преседнување.

Ден 2 : Хавана

Пристигнување во Хавана. Трансфер од аеродром до сместувањето. Првиот ден на Куба се одмараме и се запознаваме со магијата на Карибите.

Ден 3 : Факултативен излет – Запознавање со Централна Хавана

Одиме на факултативен излет – разгледување на Хавана. Најпрво ги посетуваме деловите на Централна Хавана и се запознаваме со начинот на живот на Кубанците. Пазар, играње домино на улица, деца кои сакаат да се сликаат и чии насмевки не можеме да ги одбиеме… Одиме во Callejon de Hammel да гледаме но и да играме румба со Афрокубанците. Потоа го посетуваме Ведадо (Vedado), новиот дел на Хавана и пиеме кафе во хотелот “Nacional” каде што се одвива дел од дејството на филмот „Кум 2“.

Ден 4 : Факултативен излет – Стара Хавана

Денес ја разгледуваме и ја запознаваме Старата ХаванаКапитолио (Kapitolio), петте главни плоштади во Стара Хавана, улицата Обиспо (Obispo) – главната шетачка зона, Централ Парк (Central Park) каде се собираат локалците, шеталиштето Прадо (Prado) кое е главно збирно место за локалните уметници… Продолжуваме со излетот  и се возиме со шарени кабриолети – го посетуваме Плоштадот на Револуцијата каде низ приказна се враќаме во деновите на Кубанската револуција! Вечерта се шетаме по Малекон (Malecon), шеталиштето покрај морето, се дружиме со Кубанците, а може и да танцуваме!

Ден 5 : Факултативен излет- Вињалес

Рурална Куба. Ги посетуваме плантажите за тутун и шеќерна трска, сушарите за тутун, а потоа одиме во куќата на едно семејство кое живее во ова село, кадешто нашиот домаќин ќе ни покаже како се прават кубанските цигари, а домаќинката ќе ни подготви кафе од тукушто набрани зрна од околината. По ручекот во локалниот ресторан одиме на разгледување на Индијанските пештери кои се под заштита на УНЕСКО заради тоа што се изградени од тип на карпи кои ги има само тука и уште на неколку места во светот. Ќе пешачиме низ една од пештерите, а потоа се качуваме во чамец кој ќе не вози по реката внатре во пештерите и ќе не изнесе на другата страна. Враќање во Хавана во вечерните часови.

Ден 6 : Факултативен излет – Куќата на Хемингвеј и Playas del Este (Santa Maria)

Факултативен излет – разгледување на куќата во која живеел Ернест Хемингвеј. На овој излет ќе добиете потполна слика за целокупниот живот на славниот писател, ќе дознаете зошто одлучил голем дел од својот живот да го помине во околината на Хавана, ќе видите негови лични предмети и ќе слушнете за неговата трагична смрт. По прошетката одиме на плажата Santa Maria, една од плажите кои се наоѓаат на 15 километри од Хавана. Уживаме во тиркизното море, лежиме под палмите на белиот песок и слушаме како свират локалните музичари. Враќање на Хавана.

Ден 7 : Факултативен излет – Варадеро

Факултативен излет– Варадеро (Varadero). Пред да ја посетиме една од најубавите плажи на Карибите, ќе ја посетиме пештерата Saturno во која ќе имаме прилика и да се искапеме. Потоа продолжуваме кон плажата Варадеро каде ќе уживаме во белиот песок и кристалното море. Враќање во Хавана.

Ден 8 : Слободен ден за уживање на плажата Santa Maria

Слободен ден за уживање на плажата Santa Maria или за посета на музеите во Хавана. Можеме да го посетиме барот “Floridita” – место во кое своето време го поминувал Ернест Хемингвеј и да го пробаме познатиот коктел Даикири! Последна ноќ на Куба, се поздравуваме со новите пријатели и ги повторуваме салса чекорите кои ги научивме!

Ден 9 : Напуштање на сместувањето и слободно време до поаѓање

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет до Скопје со преседнување.

Ден 10 : Враќање

Пристигнување во Скопје. Се враќаме од неверојатно патување, а во главата сеуште ги слушаме звуците на регетон и нозете сами ни се движат во ритамот на салса. Крај на патувањето

Во цената е вклучено :
Сместување 7 ноќи на база наемПревоз
Авиoнски билет со сите такси на релација Скопје – Хавана, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
Трансфер од аеродром до сместување
Трансфер од сместување до аеродром
Авио билет со сите такси на релација Хавана – Скопје, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Во цената не е вклучено :

Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)

Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот

Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици


Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 100€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплата на аванс.

Havana Logo with separators