Вила Мескини – Полихроно

1/2+1 , 1/3+1 апартман

70 м од плажа

Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна. Токму затоа оваа година ве покануваме во Полихроно, да уживате заедно со вашето семејство и деца, покрај кристалното море како и многубројните продавници. Полихроно е доста познато фамилијарно туристичко место. За сите тие кои патуваат со кола, локацијата е идеална за посета на соседните туристички места како што се: Ханиоти, Криопиги, Калитеа, Афитос и мн. Други. Полихроно е дестинацијата за оваа лето, не се двоумете, резервирајте си одмор со време.

Вила Мескини (целосно реновирана) се наоѓа на 70м од плажа и на 100м од центарот на Полихроно.

За резервација е доволно уплата од 30%, остатокот на 15 дена пред поаѓање

 

ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ ДО 15.02.2025

ТЕРМИНИ 1/2+1АПП 1/3+1 АПП
25.05-01.06.2025 99 €  99
01.06-08.06.2025  РАСПРОДАДЕНО  РАСПРОДАДЕНО 
08.06-15.06.2025  РАСПРОДАДЕНО   РАСПРОДАДЕНО 
15.06-22.06.2025 179€ 179€
22.06-29.06.2025 189€ 189€
29.06-06.07.2025 515 € 438€ 535 € 455€
06.07-13.07.2025 555 € 472€ 575 € 489€
13.07-20.07.2025 615€  523€ 635 € 539€
20.07-27.07.2025 615 € 523€ 635 € 539€
27.07-03.08.2025 615 € 523€ 635 € 539€
03.08-10.08.2025 615 € 523€ 635 € 539€
10.08-17.08.2025 615 € 523€ 635 € 539€
17.08-24.08.2025 555 € 472€ 575 € 489€
24.08-31.08.2025 515 € 438€ 535 € 455€
1.08-07.09.2025  189 €   189 €
07.09-14.09.2025  149 €   149 € 
14.09-21.09.2025  129 €  129 €
21.09-28.09.2025 99 € 99 €

 

 

 

Во цената е вклучено

  • Наем на апартман за 7 ноќевања/8 дена
  •  Wi fi интернет

Во цената не е вклучено

  • Туристичка такса 2 еур. на ден се плаќа во агенција
  • Здравствено и патничко осигурување
  • Клима уред се доплаќа на лице место во објектот
  • Превоз- за возрасен 45еур / 35еур во еден правец ; деца од  2-11.99г. 35eур / 30 еур во еден правец; деца до 2год. (без седиште)-Бесплатно

 

 

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ

Располага со 8 апартмани, 4 на високо приземје, 3 на прв кат и еден на приземје. Секој апартман комплетно реновиран и е опремен со мини кујна, бања, балкон и ТВ. Апартманите се со една спална соба и со еден брачен кревет и еден единечен кревет, а во кујната има кревет на спуштање на кој можат да спијат две деца до 11.99г. или еден возрасен. И еден апартман е со брачен кревет во спална и кревет на спуштање во кујна, на кој можат да спијат две деца до 11.99г. или еден возрасен. Користењето на Wi-Fi е вклучено во цена, а клима се доплаќа кај газдите.

 

НАПОМЕНА

  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
  • Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд);
  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести едно дете до 5.99год., во кревет со двајца возрасни;
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute и Black Friday понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
  • Сместувањето во собите е по 14.00час-локално време, а напуштањето на истите е во 09.00час.;
  • По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот во чиста состојба. Доколку е причинета материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата;
  • За ова патување важат Општите услови за патување на Aгенцијата;

 

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација