Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно сме организатори 11-та година на летни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та година. Овде се одбележува и најатрактивната традиција за Велигден, манифестација која треба да ја доживеете. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 10 години. Видете цени и термини подолу.
Вила Василис e лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 300м од плажата.
За резервација е доволно уплата од 30%, остатокот на 7 дена пред поаѓање
ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА СТУДИО, ТРИ ЛИЦА АПАРТМАН И ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА
ЦЕНИТЕ СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ ДО 20% ПОПУСТ.
ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ ДО 15.02.2025
Термин |
Редовна цена/ ПРОМО цена |
23.05-30.05.2025 |
109€ 89€ |
30.05-06.06.2025 |
129€ 99€ |
06.06-13.06.2025 |
149€ 119€ |
13.06-20.06.2025 |
175€ 139€ |
20.06-27.06.2025 |
185€ 149€ |
27.06-04.07.2025 |
199€ 159€ |
04.07-11.07.2025 |
239€ 189€ |
11.07-18.07.2025 |
РАСПРОДАДЕНО
|
22.08-29.08.2025 |
199€ 169€ |
29.08-05.09.2025 |
179€ 139€ |
05.09-12.09.2025 |
149€ 129€ |
12.09-19.09.2025 |
139€ 119€ |
19.09-26.09.2025 |
129€ 99€ |
26.09-03.10.2025 |
99€ 79€ |
Вилата Василис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на околу 300 метри од плажата. Вилата има двокреветни и трокреветни студија и четворокреветни соби, секоја со мини кујна која е опремена со основен прибор, тоалет, интернет и тераса. Собите се наоѓаат на високо приземје и прв кат и се уредени во стандардно грчки стил. Секоја соба има клима која дополнително се доплатува 5евра од ден кај претставникот на агенцијата. За секој патник следува по еден пешкир. Вилата нема телевизор. Куќата има WIFI но Агенцијата не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.
- CHECK IN: 14:00 h
- CHECK OUT: 09:00 h
- Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
- За споен термин се одбива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Во четворокреветните апартмани 2 лица плаќаат целосна сума 3 и 4 то лице возрасно има 30% попуст од редовната цена, дете до 11 год. има 50% попуст од редовната цена.
- Термините кои се со црвено се промотивни и не се одбива за сопствен превоз.
- Дете од 0 до 3,99 години –Бесплатно (спие во кревет со еден од возрасните)
- Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
- Возрасен на дополнително легло има 70% попуст
- За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
- Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
- Доплата за траект 30 евра