Logo
02 3 200 006 – 070 333 623

Истанбул 08 Март

2 ноќи со појадок

365€

Истанбул 8-ми Март со авион
8 Март | 3 дена 
| со Авион 

08. Март (петок) Скопје – Истанбул
Состанок на група 06:45 часот на Аеродромот Скопје. Полетување за Истанбул во 08:45 часот со Turkish Airlines. Слетување во Истанбул во 12:20 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич на македонски јазик. Сместување во хотел. Вечерта слободно време за индивидуални активности, факултативно крстарење по Босфор. Ноќевање.

09. Март (сабота) Истанбул
Појадок. По појадокот организиран пешачки разглед на градот со локален водич на македонски јазик: Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, а денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на  познатиот архитект Мехмед-Ага, воедно е и последната импресивна градба на отоманската религиска архитектура), Аја Софија (најпознатата градба во Истанбул, изградена во времето на владеењето на Јустинијан први, една од најголемите цркви во светот, претворена во џамија по падот на Византиското царство) за влез се доплаќа на лице место. Прошетката продолжува кон Капали чаршија и Галата Кула. Враќање во хотел. Вечерта слободно време за индивидиални активности. Ноќевање.

10. Март (недела) Истанбул – Скопје
Појадок. Одјавување од хотел слободно време за индивидиални активности. Во попладневните часови организиран трансфер од хотел до аеродром во Истанбул, летот од Истанбул за Скопје полетува во 20:25, слетување во Скопје 19:55.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 365 € ПО ЛИЦЕ 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз ( SKP-IST-SKP ) со Turkish Airlines (23 кг по лице вклучен багаж + 7 кг рачен багаж).
TK1004  08MAR 5 SKPIST        0845 1220
TK1005  10MAR 7 ISTSKP        2025 1955
– 2 Ноќевања со појадок во хотел Samir Hotel Deluxe 4* Лалели. http://samirhotel.com/
– Вклучени ексурзии во цената на аранжманот, посета на: Хиподромот, Сината Џамија, Аја Софија (со доплата за влезница во Аја Софија), Капали Чаршија, Кулата Галата.
– Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром.
– Организација и реализација на аранжманот со водич на групата од Скопје

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Факултативно крстарење по Босфор 50 € ( вклучува трансфери, вечера, лимитирани локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, SHOW програма )
– Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
– Задолжително здравствено и патничко осигурување.

НАПОМЕНА:
– За резервации е потребно уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот, а целосната доплата на аранжманот треба да биде завршена најдоцна до 25.02.2024.
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 180 дена од денот на патувањето
– Цените се дадени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација