Зошто Рим е толку посебен?
„Вечниот град“ изобилува со античка историја, од Колосеумот до пристаништето Остиа Антика, до величествениот Ватикан и Сикстинската капела. Поради неговата историја, уметност, архитектура и убавина – а можеби и поради неверојатно вкусниот сладолед и неодминливата “pasta”…Рим е еден од најпопуларните градови во светот!
Што го прави Рим прекрасен град?
Овој град може да се пофали со античка историја долга повеќе од 2500 години, прекрасни градби од минатото, споменици на најголемите италијански уметници на сите времиња и безброј ремек-дела во смисла на уметност, архитектура и култура, како и единствена аура…
Дали Рим е градот на љубовта?
Рим – синоним за романса, СЕ е во името. Како што ќе Ви кажат Римјаните, кратко и јасно – ако го превртиш зборот „ROMA“ (италијанскиот збор за Рим), ќе добиеш „AMOR“ – што значи љубов. А љубовта е нешто што одекнува низ целиот град…затоа, СИТЕ ПАТИШТА водат кон т.а.ПАЛАС, која ќе Ви овозможи незаборавно доживување со овој аранжман!!!
1.ДЕН (31.03.2024 – недела) БИТОЛА-СКОПЈЕ-РИМ Состанок на групата на главната автобуска станица во 01.30 часот. Поаѓање за Скопје во 02.00 часот. Пристигнување на аеродромот во 05.00 часот. Летот за Рим е во 06.55 часот со WIZZ Air. Пристигнување на аеродромот во Рим во 08.40 часот. Трансфер до хотелот во Рим, го оставаме багажот, правиме кратка пауза и поаѓаме на нашата прва авантура…сите патишта водат кон воодушевувачкиот, неверојатно романтичен, спектакуларен и едноставно неповторлив – град кој едноставно ќе Ве остави без здив…разглед на градот со стручен водич…црквите, базиликите и плоштадите : San Giovanni Laterano, San Clementе (вечното престојувалиште на Св.Кирил), Piazza Venezia, Altare de la Patria – Vittorio Emanuele (олтарот на татковината), Fon-tana Di Trevi, Spagna (Шпанските скали)…Античкиот Рим : Colosseo, Campidoglio, Fioro Romani. Слободно време за шопинг на Via del Corso, или индивидуален разглед на градот. Состанок на групата во касните попладневни часови. Враќање во хотел и сместување. Ноќевање.
2.ДЕН (01.04.2024 – понеделник) РИМ – ВАТИКАН Појадок. По појадокот – посета на Ватикан со стручен водич…запознајте ја Папската држава со целиот нејзин сјај, богатство и гламур… Ватиканските музеи, Систинската капела – ремек делото на Микеланџело како и базиликата „Св.Петар“ – своевремено најголемата базилика во Католичкиот духовен свет…прошетката продолжува низ Рим…посета на Castel Sant Angelo (Адриановата палата), Судската палата, преминуваме преку реката Тибер на Ponte dele Angeli (мостот на Ангелите) и пристигнуваме на најубавиот плоштад во Рим – Piazza Navona…слободно време за уживање со едно Италијанско espresso во Caffe Domiziano или ручек во еден од многуте мали ресторани (tratoria)…прошетката продолжува до Пантеонот (Храмот на сите богови) – единствената градба во Рим, зачувана онаква како што е изградена уште во 6.век н.е. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Состанок на групата во 18.00 часот. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3.ДЕН (02.04.2024 – вторник) : РИМ – ТИВОЛИ Појадок. По појадокот – слободно време или заминување за Тиволи – факултативна посета на најрепрезентативната вила d’Este и нејзиниот „парк со 1000 фонтани“…вилата d’Este, со својата палата и градината, е една од највпечатливите и најсеопфатните илустрации на ренесансната култура во нејзината префинетост. Нејзиниот иновативен дизајн заедно со архитектонските компоненти во градината (фонтани, украсни базени итн.) го прават ова уникатен пример на италијанска градина од 16 век. Вилата д’Есте, една од првите Giardini delle Meraviglie, беше експлицитен модел за развој на европските градини. Враќање во Рим во попладневните часови. Слободно време за шопинг или индивидуален разглед на градот…Враќање во хотелот. Ноќевање.
4.ДЕН (03.04.2024 – среда) : РИМ – СКОПЈЕ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Поаѓање за аеродромот во Рим во 10.00 часот. Летот за Скопје е во 13.00 часот. Пристигнување во Скопје во 14.45 часот. Трансфер до Битола. Пристигнување во Битола во касните попладневни часови. КРАЈ на програмата.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 33.420,00 ден. (539 €)
ДОПЛАТА за 1/1 соба : 7.440,00 ден. (120 €)
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
– Трансфер на релација Битола – аеродром Скопје и обратно;
– Авионски билет (со рачен багаж во цената), на релација Скопје – Рим – Скопје;
– Трансфер Рим аеродром – хотел и обратно;
– 3 НП во Рим во хотел со 3* (хтл.PARIS – централно градско подрачје; https://www.hotelparisroma.it/ );
– Разглед на Рим и Римските плоштади (стручен водич + слушалки);
– Метро билети за предвидена дестинација
– Разглед на Ватикан и Ватиканските музеи, базиликата Св.Петар, Кастел Сант Анџело, пјаца Навона и Пантеонот (трансфер со метро+резервација+влезница за Ватикан+слушалки+стручен водич);
– организација, придружба и реализација на аранжманот;
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
– влезниците при посета на културно-историските споменици (освен таму каде што е наведено);
– патничкото осигурување – БЕЗ ФРАНШИЗА – 200,00 ден. по лице;
– посета на Тиволи
ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА :
– посета на Тиволи (трансфер+влезница за Villa D’Este) – 65 € по лице;
– за реализација на факултативата, потребен е минимум од 15 патници;
НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 15 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.