Куршумлијска Бања е градска населна и бањско лекувалиште во општина Куршумлија.
Бањата се наоѓа во котлината на Бањска река, на 442м надморска висина и на 11км од Куршумлија.
Комплетно реновираниот хотелски комплекс Куршумлиска Бања е лоциран на падините на шумовитиот Копаоник. Лековитата моќ на термоминералната вода која овде извира е потврдена уште во времето на Римјаните, а денес достапна до Вас преку понудата на современиот медицински и велнес центар на хотелот „Планинка“.
Цена на аранжманот 189 евра / 11.720мкд
Промо цена 169 евра/ 10.480 мкд за резервации до 10.02.2024
Програма за патување (08.03-10.03.2024)
1.Ден 08.03.2024 (Петок) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА
Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Вип. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности.Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*.Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот.Вечера.Ноќевање.
2.Ден 09.03.2024 (Сабота) КУРШУМЛИСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 10.03.2024 (Недела)–КУРШУМЛИСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цената на аранжманот вклучува:
- Автобуски превоз на наведената релација.
- Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса
- Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
- Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација
- Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
- Туристичка такса
Ценатана аранжманот не вклучува:
- Задолжително патничко осигурување.
- Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Попусти и доплати:
- Дете 2-7 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање).
- Дете 7-99год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло плаќа 90€/5.580ден
- Доплата за сместување во Апартман -20еур/ 1.240ден по лице за две ноќевања
- Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден за две ноќевања (на барање)
- Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден од патник.
**(Во двокреветна соба 2+1, може да се смести макс. 2 возрасни +1 дете до 9.99г. или 2 возрасни+1 дете до 9.99 +1дете до 3.99г.).
Напомена:
*За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
*Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
*Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
*За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)
* Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
* Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.