Термин : 21 – 23 Октомври 2023
Прв ден: 21.10.2023 (Сабота)
Тргнување на групата во 06:30 од Скопје и 07:00 часот од Куманово (можност за преземање на патници во Велес, Неготино и на граница) кон Грција со попатни паузи за царински формалности. Посета на Катерини, главниот град на Пиерија, сместен во подножјето на митската планина Олимп. Покрај многубројните продавници по кои е добро познат меѓу нашите туристи, Катерини фасцинира со своите неверојатно убаво уредени паркови, меѓу кои секако најубав е оној во центарот каде што има фонтани, водопади и богати зелени површини. Тука е и познатата улица Александар Велики која е централна пешачка зона со многубројни продавнички, кафулиња и ресторани за сечиј вкус. Слободно време за шопинг, прошетка и индивидуален ручек. Оттука го продолжуваме патот кон Неос Пантелеимонас. Пристигање и сместување во вила “Димитрис”. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Втор ден: 22.10.2023 (Недела)
Факултативна посета на “Метеори” – манастири помеѓу небото и земјата. Метеорите се наречени Карпи во воздухот, кои се едни од најголемите православни комплекси во Грција. Тие се сместени над гратчето Каламбака. Град кој е препознатлив по бројните тесни улички, ниски куќички, кафулиња, како и многубројните продавници со икони. Шесте воодушевувачки манастири се изградени на природни столбови од песочен камен. Околината на овие столбови била населена уште пред 50.000 години, а некаде во 9 век, една група на монаси се преселила на древните столбови. Монасите најпрво живееле во дупките на карпите, а подоцна некаде околу 12 век почнале да се градат манастирите. Просечната висина на карпите е 313 метри, и до горе се стигнува само со помош на кошници и систем од јажиња. Денес од шесте манастири, пет се машки а еден е женски. Слободно време за индивидуален ручек, шопинг, фотографирање и уживање во прекрасната глетка. Во попладневните часови враќање во Неос Пантелеимонас. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Трет ден: 23.10.2023 (Понеделник)
Слободно време за индивидуален доручек, по што следи одјавување од вилата. Заминување и посета на уникатното селце Палеос Пантелејмон, кој од 1978 год. е класифицирано како традиционална населба со карактеристики на културно наследство на ЕУ. Традиционалното селце се состои од куќи кои се направени од камен донесен од Олимп, сместени на стрмни падини со поглед на врвовите на планината Олимп и на Егејско Море. Плоштадот во селото се карактеризира како голем двор во кој е сместена црквата Св. Пантелејмон, старо училиште кое е пренаменето во традиционално кафуле каде што можете да пробате традиционални пити и слатки. Целиот овој голем двор е покриен со вековниот чинар. Во селото ќе најдете многубројни таверни и продавници со традиционални производи, рачно изработен накит и сл. Слободно време за индивидуална прошетка, шопинг, ручек и сл. Во попладневните часови заминување за Македонија со попатни паузи. Пристигање во вечерните часови.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
За оваа програма важат Општи услови за патување