Охрид

Охрид е град во југозападниот дел на Македонија, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.

Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското наследство на УНЕСКО.

 

Охрид е главниот, културно историски град на Република Македонија, град со многу содржини и убавини, кои доколку се потрудите барем малку да ги побарате ќе видите дека им нема крај.

 

Тука доаѓаат туристи и посетители од различни градови од Македонија но и различни земји од светот во поголем или помал број и сите се вљубуваат во прв поглед во него.

 

Кога некоја туристичка група го посетува Охрид, нејзиното движење од напред се знае. Се тргнува од плоштадот на кој од пред неколку години стои споменикот на патронот, заштитник Св. Климент Охридски, се оди по историската улица Цар Самуил, поминувајќи ги притоа музеј Куќата на Робеви, црквата Св Софија од XI век, Античкиот Театар, Горна Порта, Галеријата на икони, црквата Св. Богородица Перивлептос, Самуиловите Тврдини, Плаошник со Св. Климентовата возобновена црква посветена на Св. Пантелејмон и на крајот, црквата посветена на Св. Јован Богослов, кај месноста Канео.

 

Никој не би останал рамнодушен, чекорејќи по плочниците по кои е испишана неколку милениумската историја, или пак уживајќи во галењето на светликавиот одблесок на сонцето од водите на Охридското Езеро.

Хотел Климетица 3*

KLIMETICA

Маива Хотел & Спа 4*

MAIVA 17

ХОТЕЛ AQUALINA 4*

AQUALINA 1

ХОТЕЛ МИЗО 4*

MIZO 10

ХОТЕЛ ТИНО 4*

TINO 18

ХОТЕЛ БЕЛВЕДЕРЕ 4*

BELVEDERE 4

ХОТЕЛ SKY CORNER 3*

SKY CORNER 7

ХОТЕЛ ДЕСАРЕТ 3*

DESARET 3

ХОТЕЛ ДВА БИСЕРА 4*

DVA BISERA 5
Havana Logo with separators