Paloma Finesse Side 5*- Side

 PALOMA FINESSE SIDE 5*- SIDE

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Titreyen Gol на 6км од Сиде и 75км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 300. Студио соби (42m², една спална соба со дневен престој со две софи, едно купатило, макс.2+1лице), Студио swim up соби (42m², една спална соба со дневен престој со две софи, едно купатило, директен пристап на базен, макс.2+1лице), Фамилијарни суит соби (52m², една спална соба, една дневна соба со две софи, едно купатило, макс.4лица), Фамилијарни суит swim up соби(52m², една спална соба, една дневна соба со две софи, едно купатило, директен пристап на базен, макс.4 лица, Фамилијарен суит со тераса (52m², една спална соба, една дневна соба со две софи, едно купатило, голема тераса, макс.4лица), Голем Фамилијарен суит (74m², две спални соби, една дневна соба, две купатила, макс.4лица), Голем Фамилијарен суит со директен пристап на базен (52m², две спални соби, една дневна соба, две купатила, директен пристап на базен, макс.4лица), Голем Фамилијарен суит со тераса (74m², две спални соби, една дневна соба, две купатила, голема тераса, макс.4лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар(се дополнува секој ден со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, балкон или тераса.

Услуга
Luxury Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утински и попладевни закуски, доцна навечер закуска, свежо цедени сокови за време на појадок, сладолед за време на ручек и вечера, слатки, A’la Carte ресторани, Med Kitchen со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 24.00 часот, концепт на плажа и покрај базен каде се служат овошје и закуски. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, наргиле, Chef’s Kitchen A’la Carte ресторан.

Содржина
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Chef’s Kitchen и Med Kitchen – Современа Медитеранска кујна. Барови околу хотелскиот комплекс. Се доплаќаат: доктор, услуга за перење, бебиситер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, шопинг центар, фризер, изнајмување на автомобил. WiFi интернет конекција во соби и јавни зони е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна плажа, песок и каменчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Приватен клуб на плажа со зона само за возрасни (+18) е со претходна резервација и се доплаќа.

Спорт и Забава
Надворешни базени за возрасни и деца, фитнес центар, Турска бања, сауна, 5 тениски терени (со подлога од кварцен песок), одбојка на плажа, гимнастика, мини голф. Се доплаќат: спортови на вода, осветлување за тениски терени и опрема за тенис, центар за убавина и Wellnes центар. Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми за возрасни и деца. Мини клуб за деца од 04 – 12 години со специјални програми, детско огралиште, мини диско навечер.

https://www.palomahotels.com/

Havana Logo with separators