Paloma Oceana Resort 5* -Side

PALOMA OCEANA RESORT – 5* – KUMKOY – SIDE

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy 5км од Side и 65км од аеродромот во Antalya.

Сместување

Вкупен број на соби 482. Собите се наоѓаат во 2 главни згради и во бунгалови. Стандардни bungalow соби во градината 144 (30m², макс.2+2лица), Фамилијарни поврзани соби 48 (30+30m², макс.4+1лице), Фамилијарни suit соби со страничен поглед на градина 18 (60m², макс.3+2лица), Стандардни соби главна зграда 238 (40m²,макс.2+2лица), Terrace deluxe соби 12(40m², макс.4лица, главна зграда), Фамилијарен suit главна зграда 8 (65m², макс.4лица, главна зграда), и 14 Lake Villas (90m², макс.5лица). Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци, вода и пиво секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет, балкон.

Услуга

Luxury Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна закуска, закуска доцна навечер, свежо цедени сокови за време на појадок, сладолед за време на ручек и вечера, слатки, A’la Carte ресторани Турски, Интернационален, Медитерански, Рибен со претходна резервација, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, Кинески и Steak House A’la Carte ресторани се со претходна резервација и се доплаќа, послуга во соба, наргиле.

Содржина

Главен ресторан со шведска маса, A’La Catre ресторани: Интернационален, Турски, Морска храна, Steak House ресторан, Кинеска кујна. Бaрови околу хотелскиот комплекс, Disco club. Се доплаќаат: Доктор, услуга за перење, бебиситер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, шопинг центар, фризер, рент а кар. WI-FI интернет конекција во целиот хотел е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна плажа, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.

Спорт и Забава

Надворешни и внатрешни (затворени во летна сезона) базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, гимнастика. Се доплаќаат: спортови на вода, осветлување за тениски терени и опрема, центар за убавина и Wellness центар. Забавни програми во текот на денот, и навечер шоу програми за возрасни и деца. Мини клуб за деца помеѓу 04-12 години со специјални програми.

 

Havana Logo with separators